Фудбал

Алегри: Сакам да бидам во Јувентус тоа што сер Алекс беше во Јунајтед

6. април 2019 - 14:46 | МИА

Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри призна дека му се допаѓа моделот на управување кој го применуваше во Манчестер Јунајтед легендарниот поранешен менаџер сер Алекс Фергусон.

– Секогаш има некој кој сака да го направи фудбалот посложен и тоа ме збунува. Не зборувам за некој конкретно. Можам само да кажам дека тие ги комплицираат простите нешта. Едноставноста е најтешкото нешто. Одиме во погрешна насока, бидејќи со секакви компликации ја направиме нашата работа уште потешка, вели Алегри.

Според него, корпоративниот тренер е тренерот кој носи резултати.

– Јас се сметам себе си како менаџер на клубот кој мора да направи резиме на крајот на сезоната не само во поглед на спортските перформанси, туку и во однос на развојот на играчите. Резултатите се она што во крајна линија влијае на финансиите на клубот и се надевам дека ќе ја имам истата улога како Фергусон, бидејќи тоа значи дека ќе останам во Јувентус во ист број години, додаде тој.

Коментирај