Фудбал

Алегри за својот наследник во Јуве: Доаѓа оној од Манчестер

25. мај 2019 - 12:48 | А.С.

Тренерот на Јувентус во заминување Масимилијано Алегри навести кој ќе дојде на негово место на клупата на „Старата дама“, пишува локалниот италијански весник Sport Legnano.

Алегри гостуваше на отворањето на ресторан и доби прашање од навивач кој ќе биде следен тренер на екипата од Торино.

„Оној од Манчестер“, одговори Алегри без воздржување, но и без да нагласи точно за кој великан од овој англиски град зборува.

Сепак, за спортските медиуми е јасно дека тоа се однесуваше на Пеп Гвардиола кого веќе сериозно го поврзуваат со позицијата тренер на Јувентус.

Одредени италијански медиуми пишуваат дека работата е веќе договорена, иако Шпанецот минатата недела изјави дека останува во Манчестер Сити.

Гвардиола тогаш порача дека нема да оди никаде уште две години, колку што му трае договорот, па останува да видиме дали италијанските медиуми имаат точни прогнози или Алегри навести некој мистериозен избор.

Коментирај