Алек Болдвин се откажа од „The Joker“, нема да го глуми таткото на Бетмен

Улогата на Томас Вејн никогаш не била спектакуларно прикажана на филмското платно, но Алек Болдвин немаше време ниту да се израдува за фактот дека е избран да биде новиот филмски татко на Бетмен, бидејќи се откажа од улогата само неколку дена по прифаќањето на истата.

Во понеделникот беше објавено дека Алек Болдвин ја презема улогата на Томас Вејн во новиот филм за омилениот стрип негативец – Џокер.

Оригиналниот извештај од Hollywood Reporter тврдеше дека улогата на Томас Вејн во „The Joker“ е опишана како „могул од 80-те кој сите обожаваат да го мразат“, многу слична на онаа на Доналд Трамп во реалниот живот – нешто што му прилега совршено на Алек Болдвин, ако се земе предвид дека тој веќе подолго време глуми како сатирична верзија на американскиот претседател на шоуто „Saturday Night Live“.

Откако вчера најави дека нема да биде дел од филмот, денеска Алек Болдвин појасни дека воопшто не е заинтересиран за продолжување на соработката со филмската екипа предводена од Мартин Скорсезе и Жоакин Феникс.

„Не сум дел од тој филм повеќе. Сигурен сум дека има барем 25 други актери кои можат да ја глумат истата улога“, изјави Болдвин.

И покрај проблемите со кастингот, „The Joker“ се очекува да ја доживее премиерата на 24 октомври 2019 година.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе