Алек Болдвин: Срцето ми е скршено поради трагичниот инцидент

Холивудската ѕвезда Алек Болдвин изјави денеска дека неговото „срце е скршено“ откако случајно ја застрела директорката на фотографија Халина Хачинс во Ново Мексико, додавајќи дека соработувал со полицијата во истрагата која треба да открие како се случил трагичниот инцидент.

– Нема зборови да се опишат шокот и тагата по смртта на Халина Хачинс, сопруга, мајка и прекрасна колешка. Во контакт сум со нејзиниот сопруг и се понудив да му помогнам на семејството. Срцето ми е скршено поради него, поради синот и сите што ја познаваа Халина, напиша Болдвин на Twitter.

Инцидентот се случи вчера попладне за време на снимањето на филмот „Rust“ на ранчот Бонанца Крик јужно од градот Санта Фе.

Откако Болдвин истрелал од реплика пиштолот, 42-годишната Хачинс со хеликоптер била пренесена в болница каде е констатирана смрт.

Болдвин (63) е копродуцент на „Rust“, ​​чие дејствие се одвива во Канзас во 1880-тите и го игра истоимениот лик, дедото на 13-годишно момче осудено за убиство од небрежност.

Шерифот на областа Санта Фе истакна дека досега не е поднесена кривична пријава и дека истрагата е во тек.

Во инцидентот бил повреден и режисерот на филмот Џоел Соуза (48), кој е пренесен во локална болница. Глумицата Френсис Фишер, која исто така глуми во филмот, напиша на Тwitter: „Соуза ми испрати порака дека излегол од болница“.

Читајте наредно: Први снимки од местото на трагедијата: Болдвин пукал во импровизирана црква

Медиумите специјализирани за филмската индустрија пренесуваат дека во реплика пиштолот со кој пукал Болдвин се наоѓал вистински куршум.

– Главниот актер ненамерно испука вистински куршум и ги погоди директорот на фотографија Халина Хачинс и режисерот Џоел Соуза, се наведува во дописот на холивудскиот синдикат ИАТСЕ до членовите.

реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Read more

Како се снимаше Lord of the Rings

Read more

Филм & ТВ

Како се снимаше Lord of the Rings

Read more

Дени Мастерсон прогласен за виновен за силување

Read more

Која е Нур Алфала, со која Ал Пачино ќе има дете?

Read more

Сè што е погрешно со „Малата сирена“

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Како се снимаше Lord of the Rings

Читај повеќе

Дени Мастерсон прогласен за виновен за силување

Читај повеќе

Која е Нур Алфала, со која Ал Пачино ќе има дете?

Читај повеќе
  • play_arrow

Сè што е погрешно со „Малата сирена“

Читај повеќе

Почина Драги Христов - Шпага

Читај повеќе

Ал Пачино ќе се придружи на клубот стари татковци

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за John Wick Chapter 4

Читај повеќе

Актери и актерки кои пораснале во сиромаштија, а денес се светски ѕвезди

Читај повеќе
  • play_arrow

Судот одлучи: Сцената од филмот „Romeo and Juliet“ не е детска порнографија

Читај повеќе