Александар Матовски-Цако: Сакам да покажам и докажам дека и невозможното може да биде возможно

Скопје, 23 февруари 2020 (МИА) – Песните што ги пишувал десетина години, Александар Матовски-Цако ги објави во стихозбирка која ќе биде промовирана во вторник (25 февруари) од 19 часот во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар.

Насловот „Јас сум Цако“ звучи како покана да го запознаеме, но не е потребно посебно претставување на авторот. Затоа што Александар или само Цако, како што го завикала баба му, е веќе познат во јавноста. Тоа е момчето со Даунов синдром и со исполнето секојдневие, љубопитен за многу нови активности и полн со енергија да им се посвети.

Има кафеав појас во карате, членува во танцов клуб кој освојува меѓународни медали, шест години е автор на радиоемисијата „Јас сум Цако“, беше колумнист во „Лице в лице“, членува во здруженијата Инклузивни решенија КРИК и Трисомија 21. Активист и борец е за правата на лицата со попречености и имаше своја презентација на Светската конференција за лица со Даунов синдром во Обединетите нации. Лани дипломираше на Педагошкиот факултет во Скопје, а од овој 3 февруари, денот кога наполни 29 години, е вработен во Град Скопје за да придонесе во социјалната заштита на лицата со пречки во развојот.

Во слободно време сака и многу да чита, покрај наши, вели, и екс-ју автори, а омилен му е Иво Андриќ. На средбата во книжарницата Литература.мк, каде што е во продажба неговата поетска книга во издание на „Арс Либрис“, Цако ни ги препорача книгите „100 највлијателни жени во историјата“ и „Зошто јас?“ од Мартин Јованоски бидејќи е на тема од психологијата што него особено го интересира.

Рецензијата ги опишува неговите песни како нежни и едноставни, запишани како лирски слики, онака како што Цако ги доживеал. Љубовта е централна тема во нив – кон дедо му, семејството, неговиот идол Тоше, жените, природата, животот воопшто.

„Тие се парчиња од мозаикот што ја сочинуваат синтагмата „Јас сум Цако“. Ги ниже како бисери, за секоја драга личност по една. Од нив извира чиста емоција од некој кој животот го живее со полни гради и чие мото е: човек кога е со љубов, ќе постигне повеќе. Неговата поезија, како и сѐ она што го прави тој, се вистинска инспирација за лицата со попреченост“, наведува издавачот на неговата книга.

– Гарантирам дека ќе биде убава со многу емоции бидејќи такви се овие песни. Инспирацијата ја црпам од позитивни луѓе, од некакво случување или од прошетка низ парк. Едноставно од сè што нè опкружува како луѓе, изјави Цако за МИА во пресрет на промоцијата.

Стихозбирката е насловена исто како и интернетската радиоемисија што секоја претпоследна среда во месецот тој ја води на Радио МОФ, така што  „Јас сум Цако“ веќе станува негов личен печат.

-Чест ми е што и книгата се вика како и мојата емисија. Верувам во нејзината моќ и таа ме прави мене горд. Знам дека ова е печат на мојот труд кој го вложив при самото создавање на книгата, истакна Цако.

Не ни откри многу како му поминува работниот ден во одделението за социјална, детска и здравствена заштита во Град Скопје. Рече за работните задачи зборувал на прес-конференцијата пред 20 дена. Тогаш Цако се заблагодари за укажаната шанса и истакна дека ќе придонесува со своето искуство од областа на социјалните работи стекнато во повеќе европски земји. Посебно им се заблагодари на сестра му Марија и семејството од кои ја добива најголемата поддршка.

-Би сакал да истакнам дека се вработив на 3 февруари 2020, токму на роденденот, вели нашиот ведар соговорник. А дека е одговорен кон новите обврски ни покажа и со тоа што прифати разговор за книгата само по завршувањето на неговото работно време.

Има ли сега слободно време за многуте активности – пред сè за танцот и за радиоемисијата, и каде наоѓа енергија за да постигне сѐ? Одговорот му е едноставен: „Добро си го организирам времето“.

-Знаете, јас секој ден си имам некаков план. Всушност, тајната е во тоа што и танцот и радиоемисијата ми се хоби. Многу ме релаксираат и ми даваат енергија за секој еден ден што се будам, во кој точно знам што треба да сработам, рече Цако со ентузијазам.

Му значи тоа што им е пример и инспирација на младите со Даунов синдром и, вели, знае дека многу постигнал, дека има успеси и дека многу луѓе го следат.

– Минатата година многу луѓе ме прогласија за личност на годината. Понекогаш е предизвикувачки, но и напорно, ама сепак многу ми значи. Преку мојот пример, на младите со Даунов синдром, како и на сите лица со попречености, сакам да им покажам и докажам дека и невозможното може да биде возможно, порача Александар Матовски-Цако.

Хатка Смаиловиќ

Фото: Фросина Насковиќ

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Култура

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Read more

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Read more

Ива Петреска ја промовира дебитантската стихозбирка „Песнило“

Read more
26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе