Александра Јанева победник на овогодинешниот „Макфест“

Александра Јанева по вторпат е победник на Макфест. На овогодинешното издание таа настапи со песната „За сто години“ која ја потпиша Ристо Самарџиев. Воедно ја доби и наградата за најдобра вокална интерпретација која од годинава се вика „Драган Каранфиловски-Бојс“ и паричната награда од 10 илјади евра.

Симона Попоска со песната „Ќе најдам друг“ е второ пласирана и доби 7.500 евра а воедно е и добитничка на наградата за најдобар сценски настап во вредност од илјада евра. Трето пласирана е младата Антонија Гиговска со темата „За нас“ која доби 5 илјади евра и воедно е освојувач на наградата за дебитант која од оваа година го носи името „Душан Љубисавлевиќ-Дуле“ во вредност од илјада евра.

Најслушана песна меѓу двата фестивала е „Срце да се отвори“ која заеднички ја отпеаја Зуица Лазова и Јоце Панов, а Дамер Имери е добитник на признанието за најдобар аранжман „Драган Ѓаконовски-Шпато“.

„Генерална оценка е дека годинава имаше голем интерес за Макфест и дека композициите вратија дел од сјајот на 31.то издание на фестивалот. Работата успешно ја заврши пред се уметничкиот директор Љупчо Мирковски кој успеа професионално да си ги заврши обврските и по две години, благодарение на неговиот голем ангажман ние конечно имаме и ЦД со сите композиции кои дополнително ќе потсетуваат на фестивалот. Ревискиот оркестар на МРТВ беше феноменален, изведувачите исто така, а сметаме дека одиме чекор натаму со самото тоа што по речиси неколку децении имавме и седум странски изведувачи со што Макфест имаше и меѓународен карактер. И тие беа воодушевени од фестивалот, од организацијата и одлично се претставија пред публиката што резултираше со многу гласови за нив. Голема благодарност и до водителот Димитар Атанасовски и режисерот на преносот Перо Попов и целата екипа на МРТВ кои придонесоа Макфест да биде успешен. Ние се трудиме да ја продолжиме приказната за Макфест, бидејќи тоа е еден од традиционалните белези на Штип и фестивалот мора да живее бидејќи без него не губи само Штип, туку и македонската музика...и затоа толку се трудиме околу неговото опстојување и организација“, изјави Драган Ристов, од прес центарот на Макфест.

Макфест е во организација на Општина Штип и се оддржа на 2,3 и 4 јуни со директен пренос на МРТВ. На него настапија 30 изведувачи од кои 7 од странство. Во двете полуфинални вечери беа изведени по 15 композиции, а во финалето 20. Се гласаше на три начина, со СМС, петчлено меѓународно жири во кое имаше и двајца странци а за првпат меѓу себе гласаа и пејачите.

Погледнете го настапот на Александра Јанева со победничката песна:

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=j4quxNf_1Ts]

 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

МК сцена

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more

Почина Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика

Read more

ДНК собраа 690.000 денари за лекувањето на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Read more
 

Сцена

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе