Алексис Санчез: Пристигнав во Јунајтед за да ги освојам сите титули

Алексис Санчез, големото засилување за Манчестер Јунајтед во зимскиот трансфер период, за британските медиуми истакна дека дошол во најголемиот англиски клуб и дека со него сака да ги освои сите титули.

Чилеанецот на „Олд Трафорд“ пристигна во јануари во размената на играчи меѓу Јунајтед и Арсенал, во која во спротивен правец отиде Арменецот Хенрих Михтарјан.

Иако го сакаше и Манчестер Сити, моменталниот лидер на Премиер лигата, Санчез сепак го одбра Јунајтед.

„Уште од млади денови мислев дека Манчестер Јунајтед е најголемиот клуб во Англија. Ова не го зборувам затоа што сум овде, искрен сум и никогаш не лажам. Тоа е мое мислење. Постојат многу големи клубови, играв за Арсенал, и тој е еден од нив. Тоа е навистина голем клуб и имав чест да бидам таму. Но доаѓајќи овде, гледајќи го грбот, помислив дека Јунајтед мора да освои се, бидејќи ова е навистина огромен клуб“, вели Санчез.

Синиот тим од Манчестер оваа сезона и понатаму е во трка за дури четири титиули, така што шансите за титули на Санчез таму би биле навистина големи, сепак, тој се одлучи за црвениот дел од градот.

„Дојдов да победувам. Го напуштив Арсенал поради желба за напредок, бидејќи сакам да напредувам и учам како играч, но и да доживеам нов клуб. Манчестер Јунајтед е огромен клуб на глобалната сцена и дојдов овде за да ги освојам сите титули. Инаку нема причина да бидам овде“, заклучи Санчез.

Одличниот 29-годишен напаѓач својата слава ја стекна во Барселона, за потоа да се одлучи кариерата да ја продолжи во Арсенал.

За репрезентацијата на Чиле, со која два пати беше шампион на Јужна Америка, одигра дури 119 натпревари и постигна 39 погодоци.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе