Алергија на секс: Кои се симптомите и дали е опасна?

Алергијата на секс постои, а ова се нејзините симптоми.

Да, можно е да сте алергични на секс, а вистинската причина за оваа алергија е спермата. Меѓународното здружение за сексуална медицина ја дефинира алергијата на секс како состојба која е почеста кај хетеросексуалните жени и може погрешно да се дијагностицира како вагинитис, габична инфекција или сексуално пренослива болест. Техничкото име е преосетливост на плазмата на спермата и всушност е реакција на плазма протеините.

Идентификувајте ги седумте сигнали за алергија на секс:

Пецкање

Алергијата на секс може да се манифестира веднаш штом партнерот ќе ејакулира, а жената ќе почувствува пецкање, црвенило и оток или дури и плускавци, објаснува гинекологот Шери Рос.

Чешање

Ќе забележите и чешање и веројатно ќе помислите на габична инфекција, но доколку нема придружен симптом во вид на секрет, а чешањето не се јавува постојано, туку само после сексуален однос, можно е да сте алергични.

Се случува само со еден партнер

Алергијата на секс е алергија на протеини во плазмата на спермата на одреден партнер, па ако имате непријатни симптоми само со новиот (актуелниот) партнер, тоа може да биде знак дека сте алергични.

Симптомите се јавуваат само при незаштитен однос

Иако има алергија и на латекс и на кондоми, овие проблеми ќе се појават само кога не користите заштита бидејќи „проблематичната“ плазма доаѓа во контакт со слузокожата на вагината.

Имате осип

Алергијата понекогаш не останува локализирана во интимната регија, туку може да се прошири до осип на целата кожа.

Тешко дишете

Не како „останување без здив“ по енергичен сексуален однос, туку „нешто дефинитивно не е во ред“. Иако никогаш не е пријавена фатална реакција на оваа алергија, посетете лекар доколку имате проблеми со дишењето кои ве загрижуваат.

Проблем е и оралниот секс

Болка, оток, чешање, црвенило и појава на плускавци во устата по орален секс се огромни предупредувачки знаци. Пријавете го овој проблем кај вашиот лекар или гинеколог, особено ако се обидувате да останете бремени.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Читај повеќе

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе