Два дизајнерски детали што на сите им паѓаат на ум кога ќе помислат на Alfa Romeo се: горните скриени рачки на задните врати и поместената предна табличка.

Скриените рачки исчезнаа во 2020 година со пензионирањето на Giulietta, но се вратија со моделот Junior. А поместената предна табличка наскоро ќе биде укината и најверојатно никогаш нема да се врати.
Отсега сите модели на Alfa ќе имаат регистерски таблички во средината. Ако симетријата ви е важна, ова е добра вест за вас.
Причината се новите прописи за безбедност на пешаците.
Шефот за дизајн на Alfa Romeo, Алехандро Месонеро-Романос, изјави за Autocar дека оваа промена доаѓа како резултат на Општите безбедносни регулативи на Европската Унија (GSR). Очигледно, поставувањето на плочката во средината го намалува ризикот од повреда. Ќе биде интересно да се знае дали оваа одлука ќе влијае и на дизајнот на автомобилите што се продаваат надвор од 27-те земји на ЕУ.
Alfa веќе се прилагоди на новата регулатива со поставување на табличката во средината на моделот Junior.
Иако ЕУ практично ја принудува Alfa Romeo да се откаже од поместената предна табличка, Месонеро-Романос е задоволен од тоа: „Ова сепак ќе ни даде симетрија, па јас сум среќен - јас сум еден од оние на кои им се допаѓа табличката во средината.
Иако асиметричниот изглед постои уште од 50-тите, има многу модели со табличка во средината. Кул автомобили како SZ и GTV имаа централно поставена предна регистарска табличка, како и Montreal, Alfetta и Alfasud.