Реал Мадрид се пласираше во финалето на Купа дел Реј, откако по 120 минути одигра 4:4 против Реал Сосиедад. Во регуларниот дел натпреварот заврши со победа на тимот од Сан Себастијан (3:4).
Реал во 80-тата минута имаше негатива од два гола, се врати во натпреварот со головите на Џуд Белингам и Орелјен Чуамени во 82. и 86. минута, а продолженија на Сосиедад му обезбеди Микел Ојарсабал со гол во 3. минута од судиското надополнување. Продолженија се играа бидејќи Реал победи со 1:0 на првиот натпревар на баскиско тло. Апсолутен херој на Реал во продолженијата стана Антонио Ридигер, кој со голот во 115-тата минута го постави конечниот резултат.
Иманол Алгуасил, тренерот на Реал Сосиедад, се пожали на судиите по натпреварот:
„Голот на Реал за 3:3 дојде по очигледниот офсајд на Мбапе. Јасно е дека тој беше во недозволена позиција во акцијата пред корнерот по кој беше постигнат голот. Тоа е офсајд, и тоа офсајд што секогаш се суди. Не знам зошто не беше суден во оваа ситуација. Реал Мадрид е голем клуб и не му е потребна ваква помиш од судиите. Тврдам дека овој гол да беше постигнат на другата страна дека ќе беше поништен“.
Мбапе беше длабоко во офсајд, но тргна кон топката и потоа застана, збунувајќи го гостинскиот дефанзивец, со што директно влијаеше на акцијата без разлика што не играше со топката.
Mbappe was offside here and confuse the Sociedad player, Madrid got a corner and score from the corner, the world knows. 🤌pic.twitter.com/bWvbtzwG1i
— Football Ferreira (@FootFerreira) April 1, 2025