Али Ахмети се сретна со амбасадорот на Косово

Денеска во седиштето на Демократската унија за интеграција во Тетово, претседателот Али Ахмети оствари работна средба со амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја.

Претседателот Ахмети и амбасадорот Ќехаја разговараа за политичките случувања во земјата и регионот, евроинтеграциите, Охридскиот договор и билатералните односи меѓу Скопје и Приштина.

Ахмети истакна дека одлуката на Уставниот суд е во функција на дневната политика на Владата со моноетнички легитимитет и е во екот на одлуките кои ги оптоваруваат меѓуетничките односи и го прекршуваат Охридскиот договор, гарантиран од Европската Унија и Соединетите Американски Држави.

Ахмети изрази загриженост и за оддалечувањето на земјата од евроинтеграциите и од европските вредности и партнерство во САД.

Претседателот Ахмети го увери косовскиот амбасадор дека ДУИ ќе продолжи да биде целосно ангажирана за интегрирање на земјата во Европската унија и инсистира на забрзување на процесот и спроведувањето на нашите обврски како држава, особено на уставните измени.

На средбата се разговараше за потребата од спроведување на заедничка гранична контрола со Косово, процес кој е веќе завршен административно, со цел да се избегнат долгите редици на границата и да се олесни движењето на луѓе и стоки.

Исто така, првите два километри од автопатот од Косово до Скопје се целосно завршени и треба да бидат пуштени во употреба, а следните 10 километри да не се попречуваат и да се избере изведувачот на работите без политички одложувања.

Али Ахмети подвлече дека големото албанско-српско помирување мора да се постигне преку признавање на независноста на Република Косово и тоа ќе овозможи стабилен, безбеден, мирен регион со европска перспектива.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Македонија

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Read more

Лосон демантира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Read more

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

Read more

Денес облаци и дожд, утре стабилизација и температури до 26 степени

Read more
 

Вести

Пукал со воздушна пушка кон деца кои му береле цреши во дворот

Читај повеќе

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Читај повеќе

30 години смеа со К-15, шоу за паметење во Борис Трајковски

Читај повеќе

Претседателот на BALFIN Group единствен претприемач од регионот на FII PRIORITY Europe Summit

Читај повеќе

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Читај повеќе

Лосон демантира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Читај повеќе

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Читај повеќе

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

Читај повеќе

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Читај повеќе