КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Алими: Ме чека 30 часа пат, но ќе го дадам максимумот за Македонија

Филип Здравески
/ 14.03.2025 / 14:40

Македонскиот репрезентативец Исник Алими го чека долг пат од Кина откако се најде на списокот на селекторот Благоја Милевски за отворањето на мундијалските квалификации.

Фото: ФФМ

Алими зимава се пресели во кинескиот клуб Далјен Инбо, од градот Далјен во крајниот североисток на земјата кој се наоѓа на полуостров и гледа директно во Северна Кореја.

Откако дебитираше во 2023 година, Алими се наметна во средниот ред и беше еден од најдобрите играчи во ланскиот одличен поход во Лигата на нации.

Сега доаѓа за да игра за Македонија против Лихтенштајн (22 март, гости) и Велс (25 март, дома), но за разлика од досега, кога доаѓаше од романски Шепши, сега го чека долг пат, речиси од Северна Кореја.

„Благодарам за поддршката. Ме чека долг пат, можеби повеќе од 30 часа лет, но ќе бидам таму и ќе го дадам максимумот за Македонија на натпреварите против Лихтенштајн и Велс“, напиша Алими на Facebook.

Алими има 13 настапи во дресот со сонцето и 2 гола.

реклама

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Дали 50.000 „камикази“ доаѓаат на украинскиот фронт?

Read more

Почна крајот на Обединетото Кралство: Шкотска, Велс и Северна Ирска потпишаа меморандум што води кон распад

Read more

Девет земји го одложуваат EES системот: Новите проверки сè уште имаат многу недостатоци

Read more

Фудбал

Хаос во Валенсија: Отпуштени тренерот и извршниот директор

Read more

Видео-преглед на колото во првата, втората и женската лига

Read more

Голман од деветта англиска лига одби да стане крал на Уганда, круната ја препушти на друг

Read more

Ибра конечно се појави во тренинг-центарот на Милан

Read more

Спорт

Хаос во Валенсија: Отпуштени тренерот и извршниот директор

Читај повеќе
  • play_arrow

Видео-преглед на колото во првата, втората и женската лига

Читај повеќе

Голман од деветта англиска лига одби да стане крал на Уганда, круната ја препушти на друг

Читај повеќе

Ибра конечно се појави во тренинг-центарот на Милан

Читај повеќе

Синот на Малдини наводно бил позитивен на дрога по сообраќајка

Читај повеќе

Јамал експресно му одговори на Мбапе кој ја заслужува Златната топка

Читај повеќе
  • play_arrow

По свадба-тапани: Победничкиот гол на Сити не требаше да биде признат

Читај повеќе

Чудо во Англија: Хал Сити испишува историја во Премиер лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Гатузо: Фудбалот без навивачи нема смисла, подобро е да си го прошеташ кучето

Читај повеќе