ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Алиоски - херој на Лидс и мета на критики на Островот

Филип Здравески
/ 23.11.2020 / 13:33

Македонскиот репрезентативец е главна тема во Англија откако синоќа изнуди црвен картон за напаѓачот на Арсенал и тоа со прилично добра глума иако ниту потегот на Пепе не беше ништо подобар.

Еден од хероите од Тбилиси синоќа имаше свое шоу и на Островот. Лидс Јунајтед на Езџан Алиоски на домашен терен го пречека Арсенал, кој како благ фаворит влезе на дуелот, а нашиот Џани четврти пат сезонава се најде во почетните 11 во Премиер лигата.

Алиоски беше еден од најактивните на теренот кај домашните, ги одигра сите 90 минути, но потегот во 51. минута го одбележа натпреварот кој, патем, заврши без голови. Арсенал беше во напад, Алиоски се враќаше да помогне во одбраната, а патеката на движење му се вкрсти со Никола Пепе, репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска кој втора сезона е дел од „Топчиите“. Двајцата се судрија, по што Пепе со глава го удри Алиоски, а Македонецот падна на земја како да добил вистински нокаут.

Remote video URL

Потегот на Пепе е секако за санкција и тоа со директен црвен картон, кој судијата Ентони Тејлот без размислување му го покажа откако виде на ВАР. Дополнително, можеби и дисциплинската комисија на Премиер лигата ќе му ја зголеми суспензијата на неколку натпревари.

Она што предизвика реакција на Островот, како низ медиумите, така и по социјалните мрежи, е реакцијата на нашиот Алиоски и неговата добра глума. Ударот на Пепе не беше воопшто страшен, но падот на Алиоски беше како да го нокаутирал Хабиб Нурмагомедов, а не Пепе.

Но, на ударот со глава му претходеа неколку дуели на Алиоски и Пепе. Двајцата во неколку наврати налетуваа еден на друг туркајќи се и влечејќи се, а некоја минута пред инцидентот имаше токму таков дуел кој очигледно беше пресуден за однесувањето на Котиворијанецот.

URL

По крајот на натпреварот имаше и мала мешаница кога Киран Тирни сакаше да разјасни некои работи со Алиоски, очигледно посочувајќи го како главен виновник што Арсенал не дојде до планирана победа бидејќи со играч помалку беше тешко да го загрози голот на Лидс.

URL

Затоа, пак, Алиоски само дополнително си ги зголеми симпатиите кај навивачите на Лидс на кои и онака им е миленик поради сите лудории кои ги прави надвор од теренот. Не бадијала и песна му направија:

Remote video URL
реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе