На денешната официјална прес-конференција пред утрешниот натпревар на гости против Грузија присуствуваше фудбалерот Езѓан Алиоски.

Македонија утре од 18 часот по македонско време го игра петтиот натпревар од сезоната 2022/2023 во Лигата на нации, а противник е репрезентацијата која убаво нѐ подбра среде Скопје, победувајќи нѐ со 3:0.
На истиот стадион пред речиси две години Македонија ја победи токму Грузија во тој финален бараж и за прв пат се пласираше на едно натпреварување. Но, тој натпревар поради пандемијата со коронавирусот се играше пред празни трибини. Тогаш играше и Алиоски, исто како и на оној јунски пораз.
„Го исполнивме сонот овде, се пласиравме на Европско првенство, но тоа е веќе зад нас. Не е важно дали играме пред полни трибини или без публика, навивачите не се на теренот, за добар резултат треба да одиграме добар фудбал, а ние сме дојдени за да го покажеме нашиот квалитет. Поразот дома навистина беше болен за нас и ќе се обидеме да победиме тука“, рече популарниот Џани.
„Не е потребно јас како повозрасен да ги мотивирам помладите. Овој дрес е мотивација сам за себе. Победа ќе ни донесе уште подобра атмосфера. Не сме под притисок и мислиме само на тимот“, додаде.