КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Алиоски: Почетокот на квалификациите ни е многу важен

Филип Здравески
/ 18.03.2023 / 12:42

Искусниот македонски репрезентативец Езѓан Алиоски даде свое видување за претстојното отворање на кваификациите за пласман на ЕУРО 2024.

Фото: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија в четврток против Малта во Скопје го отвора новиот циклус квалификации. „Рисовите“ се фаворити, но тоа ќе мора да го докажат на зелениот терен.

„Среќни сме што после неколку месеци повторно се собираме со репрезентацијата на Македонија. Започнуваме нов квалификациски циклус и секако дека посакуваме победа над Малта и старт со три бода“, вели Езѓан Алиоски, кој со 63 настапи и 12 гола во дресот со сонцето е еден од најискусните во тимот на Благоја Милевски.

„За нас е исклучително важно успешно да ги започнеме квалификациите затоа што потоа ни следуваат многу посериозни натпревари во силната група со Англија, Италија и Украина“.

„Посакувам сите да бидеме здрави и комплетни, и верувам дека ќе го дадеме најдоброто од себе. Ќе се обидеме да одиграме одлични натпревари за успешни квалификации после историските резултати во последните години“.

Натпреварот Македонија - Малта се игра в четврток, 23 март, со почеток во 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Картите веќе се во продажба.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Фудбал

Ибра: Јас сум минато, сегашност, но и иднина на шведската репрезентација

Read more

Норвешка без Холанд против Шпанија

Read more

Лацио со осуда кон навивачите кои го величаа Хитлер и скандираа антисемитски пароли

Read more

Шкупи по втор пат го отпушти Седлоски

Read more
 

Спорт

Ибра: Јас сум минато, сегашност, но и иднина на шведската репрезентација

Читај повеќе

Норвешка без Холанд против Шпанија

Читај повеќе

Верстапен: Не сум среќен, требаше да победам

Читај повеќе

Лацио со осуда кон навивачите кои го величаа Хитлер и скандираа антисемитски пароли

Читај повеќе

Шкупи по втор пат го отпушти Седлоски

Читај повеќе

Де Роси ја измамил сопругата роденденот да го слави во паб гледајќи дерби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси не може ни да вечера на раат во Аргентина

Читај повеќе

Претставен новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација

Читај повеќе

Дешан го избра новиот капитен на Франција

Читај повеќе