На македонскиот репрезентативец колку му фали фудбалот покажа кога полуде откако постигна гол и тоа на тренинг.
„Епа дефинитивно ни паузата не го смири“, коментира клубот Лидс Јунајтед на Twitter постирајќи видео на кое нашиот Џани на за време на денешниот тренинг ја затресе мрежата и потоа прослави небаре освоил Лига на шампиони.
А и голот не беше посебен. Вежабаа нафрлувања, па Џани со глава заби во голот, на кој немаше ниту голман.
Но, гол си е гол, а кога поради пандемија ти била скратена можноста да тресеш мрежи, ќе се радуваш и на вакви. Најдебелиот крај го извлече камерата која Џани со тупаници ја искрши од радост.