Алиша Кис: Требаше да завршам како проститутка, а не како музичка икона

Познатата пејачка Алиша Кис наполни 41 година, а со роденденска објава на социјалните мрежи ги израдува нејзините обожаватели.

„Роденден ми е, многу сум благодарна што сум жива. Благодарам на секоја личност која синоќа ме изненади планирајќи го мајсторското изненадување. Многу ме усреќивте. Ви испраќам голема љубов за секоја роденднеска желба, молитва и убава енергија што ми ја испративте досега. Ве чувствувам сите. Вчера цел ден не знаев што се случува или што ќе се случи. Сега навистина не знам што да очекувам. Знам само едно, ја славам секоја секунда бидејќи животот е премногу скапоцен за да губиме време. Ве обожавам“, напиша пејачката во описот на фотографијата.

Минатата година го издаде нејзинот осми албум. Иако во досегашната успешна кариера има освоено 15 Греми награди и е горда мајка на две деца, оваа роденденска порака многумина ги потсети на нејзиниот тежок животен пат.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Alicia Keys (@aliciakeys)

„Јас сум онаа личност која не требаше да успее. Требаше да завршам како проститутка, млада мајка на 16 години или зависник од дрога. Јас сум токму онаа која беше на погрешно место во погрешно време“, изјави пејачката во едно интервју.

Таа призна дека музичката кариера ја има спасено од пеколот на дрогата, проституцијата и лошиот живот. Алиша има израснато во њујоршкиот кварт познат како Пеколна кујна, област која во тоа време имало највисок степен на проституција. Тврди дека од малечка има сведочено на тажни човечки приказни.

На сцената се проби во 2001 година со песната „Fallin'“ и често истакнува дека никогаш не заборавила од каде доаѓа.

Remote video URL
Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе