Marca oвојпат можеби претера.

Карлос Алкарас го совлада Новак Ѓоковиќ со 6:2, 6:2, 7:6 и со тоа го освои Вимблдон, а потоа Шпанците повторно се радуваа вечерта кога нивната фудбалска репрезентација по четврти пат во историјата го освои Европското првенство.
Сепак, Marca му даде повеќе простор на Алкарас, па одличниот шпански тенисер доби карикатура со Новак Ѓоковиќ на неа.
„Карлос Алкарас уште еднаш му докажа на Новак Ѓоковиќ дека има нов сопственик на градината“, стои во текстот на Marca над сликата на која е нацртан Алкарас како му стои на глава на српскиот тенисер. Косата на Новак е зелена како тревата на Вимблдон, а Алкарас е прикажан со косилка со трофејот на Вимблдон. Јасно е на што алудира шпанскиот весник. Сепак, шегата не им се допадна на сите.
Многумина во коментарите на социјалната мрежа Instagram се побунија поради оваа слика. Тие сметаа дека ваквиот начин на претставување на Новак е непрофесионален и дека е потребно да се покаже поголема почит кон најголемиот шампион во историјата на тенисот.
Алкараs успеа да ја освои својата четврта Грен слем титула, вклучувајќи ја и втората на Вимблдон, додека Новак Ѓоковиќ остана на 24 пехари на најголемите турнири и на седум титули освоени на Вимблдон. Следниот турнир што ќе го игра ќе биде на Олимпијадата, а ќе видиме како ќе реагира неговото лошо колено на земјена подлога.