Алкарас: Ова што го прави Ѓоковиќ е брутално, се надевам нема повеќе да освојува

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас се врати на местото каде прв пат го почувствува шармот на триумфот на еден Грен слем турнир, откако пред две години како 19-годишник го освои УС опен.

Во меѓувреме, Алкарас освои уште три Грен слемови, но свесен е дека сѐ уште е далеку од Новак Ѓоковиќ кој во Њујорк пристигна по 25-тата круна на еден од најголемите турнири.

„Да бидам целосно искрен, она што го прави Новак е чин на бруталност. Имам 21 година и веќе освоив 4 Грен слем титули, но се надевам дека нема да застанам тука. Многу луѓе се прашуваат што можам да направам во иднина ако веќе сум толку успешен, но 4 титули нема да значат ништо ако не продолжам да се развивам. Моја задача е да продолжам да растам и да се подобрувам бидејќи мојата цел е да победувам што е можно повеќе. Тоа го правеше Ѓоковиќ во текот на неговата кариера, секогаш сакаше да се подобрува кога играше на овие турнири, секогаш сакаше да ја покаже најдобрата верзија од себе. Успеа во тоа и затоа многу луѓе му се восхитуваат. Да се ​​надеваме дека нема да продолжи да освојува титули. Ќе видиме, но се надевам дека јас ќе продолжам по овој пат“, рече Алкарас.

Поразот од Ѓоковиќ во финалето на Олимписките игри во Париз, како што признава, бил исклучително тежок момент за него.

„Тоа беше едно од најважните финалиња во мојата кариера, во мојот живот. Олимписките игри се на секои 4 години, па не знам дали ќе имам уште една шанса да го освојам златото. Сепак, дефинитивно ќе се борам за него на следните Игри во Лос Анџелес. Париз за мене беше тежок момент, го загубив златото во многу тесен меч во кој имав мои шанси, но тој ден пред себе имав навистина добар противник. Ѓоковиќ се бореше за истата цел и заслужи да победи, а јас неколку дена подоцна сфатив дека го освоив сребрениот медал, што исто така е големо достигнување“, изјави Алкарас.

Инаку, ловот на втор трофеј Шпанецот во Њујорк ќе го започне со дуелот од првото коло против Австралиецот Ли Ту, кој се игра во 1:00 часот вечерва по полноќ.

реклама

Тенис

Алкарас преку Синер до титулата во Пекинг

Read more

Кирјос објави крај на кариерата: Останаа само уште неколку поглавја

Read more

Ѓоковиќ играше тенис на Кинескиот ѕид

Read more

Дали Федерер ќе се врати од пензија за Надал?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Погодете кој сум: Француски репрезентативец шокираше со својот стајлинг на собирот

Читај повеќе

Почина Јохан Нескенс, еден од најдобрите фудбалери од минатиот век

Читај повеќе
  • play_arrow

Голови и голови: Преглед на колото во првата и втората лига за мажи и за жени

Читај повеќе
  • play_arrow

Фонсека лут на недисциплината: Пулишиќ изведува пенали, ова нема да се повтори

Читај повеќе

Трајковски отпадна за Латвија и Ерменија, Чурлинов неизвесен

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн со синот испишаа НБА историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Ристовски: Ова е под секое ниво на професионален фудбал

Читај повеќе
  • play_arrow

Пеп повторно воодушеви, по натпреварот му даде совети на противнички играч

Читај повеќе

Се продава најстариот фудбалски клуб во Италија

Читај повеќе