Карлос Алкарас ја освои титулата на турнирот во Пекинг. Во финалето, по 3 часа и 21 минута, Шпанецот го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер, со 6:7, 6:4, 7:6. Од понеделник Алкарас повторно ќе биде втор на АТП листата.
Алакрас трет пат сезонава го победи светскиот рекет број еден и стигна до својата четврта титула сезонава. Во меѓусебниот скор Алкарас сега води со 6:4.
Шпанецот пред Пекинг победи на Индијан Велс, Ролан Гарос и Вимблдон.
Исклучително квалитетен и незивесен меч одиграа Синер и Алкарас. Шпанецот подобро влезе во мечот, во првиот сет имеше предност од 5:2, меч топка на 6:5, а потоа уште две во тај-брејкот, а откако не ги искористи шансите, сетот му припадна на Синер.
Шпанецот успеа да изедначи откако во вториот сет успеа да направи брејк во деветтиот гем.
Драмата кулминираше во третиот сет, Алакрас направи брејк дојде до 3:1, имаше уште две брејк топки, а откако не ги искористи, Синер намали на 3:2, за потоа во следниот гем да го врати брејкот.
Тај-брејкот заочна со три поени на Синер, но одговорот на Алкарас беше брутален, до крајот ги освои сите поени и дојде до трофејот.
Carlos Alcaraz wins an INSANE point against Jannik Sinner in Beijing
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) October 2, 2024
Truly ridiculous tennis from both.
But Carlos executed defense, power, & finesse to utter perfection.
When excellence meets excellence…
This is what you get.
pic.twitter.com/VLYK0evKQk