Алката што недостасува - археолошка измама стара 41 година

Таканаречениот Пилтдаунски човек претставува археолошко откритие на остатоци од череп и вилица ископани во 1912 година од гробница во Пилтдаун, село во источниот дел на Сасекс. Биле претставени како „алката што недостасува“ - врската помеѓу човекот и мајмунот и како фосил дотогаш непознат за науката. Светот бил воодушевен.

Тимот на пронаоѓачи ги испитува остатоците (Чарлс Досон е втор од десно во горниот ред)

Во откритието тогаш биле најдени дел од череп, неколку заби и вилица, а остатоците дури добиле и латинско име - Eoanthropus dawsoni.

Била направена и реконструкција на тоа како изгледал черепот кога би бил цел, а согласно неговиот изглед потоа реконструкција била направена и за целиот праисториски човек Eoanthropus dawsoni.

Проблем? Станувало збор за измама. Не постоела алката што недостасува, барем не во Сасекс. Пилтдаунскиот човек воопшто не бил вистински.

Археолошка измама на векот

Научниците веднаш го ставиле во прашање ова откритие. Но, за него се расправало и дебатирало со децении, а никој со сигурност не можел ниту да го оспори, ниту да го потврди.

Така, археолошкото откритие останало контроверзно сѐ до 1953 година кога благодарение на новата технологија дефинитивно било прогласено за измама. Се покажало дека станува збор за долна вилица од орангутан и череп од современ човек.

Се претпоставува дека измамата за Пилтдаунскиот човек ја смислил „пронаоѓачот“ Чарлс Досон, геолог аматер и адвокат кој бил меѓу членовите на експедицијата која го „открила“ овој фосил. Токму тој собрал неколку угледни научници за да ги проучат остатоците кои ги пронашол. Починал во 1916 година, многу пред ова негово откритие да биде побиено.

„Пилтдаунската измама“ е веројатно најпозната во археолошкиот свет. Расправиите за ова откритие траеле дури 41 година, а иако Досон бил главниот осомничен, неговата одговорност никогаш со сигурност не била докажана.

Биле предложени уште неколкумина како можни творци на измамата, а меѓу нив дури и познатиот писател сер Артиур Конан Дојл, но сѐ до денес не се знае кој го организирал сето тоа.

Реконструкција на Пилтдаунскиот човек од 1913 година
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе