Алонсо сепак не се пензионира – ја мерка третата титула

Ф1
/ 04.02.2019 / 14:00

Поранешниот возач на McLaren Фернандо Алонсо изјави дека не ја исклучува можноста да се врати во Формула 1.

Алонсо неодамна победи на трката 24 Hours of Daytona, е негова следна цел е победа на трката Indianapolis 500.

Во август, 2018 година двократниот светски шампион преку емотивна објава на Twitter соопшти дека се повлекува од Формула 1, а истовремено со тоа и McLaren официјално ја потврдија веста.

Сега Шпанецот најавува дека за  сепак не се пензионира.

„Јас секогаш велам ‘Ќе се видиме’, а сега се соочувам со нов предизвик. Немам план за 2020 година, а освојувањето на третата титула првак на светот би било огромна радост. Михаел Шумахер се натпреваруваше до 43 години и ако се чувствувате силни, тогаш не гледате на својот рок на траење. Само се натпреварувате додека не сфатите дека има посилен од вас, а тоа може да се случи кога имате 25 и 48 години. Годините немаат врска со тоа“, изјави 37-годишниот Алонсо.

Тој зборуваше и за неговата историја во Формула 1.

„Кога ќе погледнам наназад се чувствувам среќен бидејќи познавам талентирани возачи кои не ги добиле заслужените прилики или кои имаат проблеми со пари. Дали можеше да биде подобро? Можеше. Лоша среќа? Понекогаш. Возев за неконкурентни тимови и правев некои грешки, една од нив е што го напуштив McLaren во 2007 година мислејќи дека Honda ќе бидат поконкурентни“, рече Шпанецот.

Алонсо има 32 победи, 22 пол-позиции и 97 подиуми до денес. Покрај неговите две светски титули, во 2005 тој стана најмладиот светски шампион во историјата на Ф1, а три пати завршил како вице-шампион.

реклама

КОРОНА симптом: Губењето на осетот за мирис е различно отколку кога сте настинати

Read more

Министерот Спасовски позитивен на COVID-19

Read more

Што значи безбеден секс во време на пандемија во Македонија?

Read more

Вакцината нема да биде семоќна, маски ќе носиме со години

Read more

Ф1

Ф1 го подготви прелиминарниот календар на трки за 2021

Read more

Шумахер: Подготвен сум за Формула 1

Read more

Хамилтон за скратувањето на викендите: Воздухот 22 дена би бил помалку загаден

Read more

Короната го откажа ГП на Виетнам

Read more

Спорт

Хаос во Реџана, дури 21 фудбалер заразен со COVID-19

Читај повеќе

Мурињо: Судиите се луѓе и грешат, но ВАР грешки не прифаќам

Читај повеќе

Ф1 го подготви прелиминарниот календар на трки за 2021

Читај повеќе

Иско распали по Зидан: Ме става во игра во 80-та минута

Читај повеќе

Проблеми за Милан пред вечерашното дерби: Донарума и Хауге позитивни

Читај повеќе
  • play_arrow

Пирло: На Јувентус не му треба шлаканица за да се разбуди

Читај повеќе
  • play_arrow

Колку заработи Нурмагомедов по победата над Гејџи?

Читај повеќе

Кристијано Роналдо под истрага, му се заканува казна

Читај повеќе
  • play_arrow

Видео од деветгодишниот Хабиб во борба со мечка го одушеви интернетот

Читај повеќе