Alphabet го надмина Apple и стана „Крал на кешот“

Alphabet, матичната компанија на Google, го надмина технолошкиот гигант Apple и стана компанија со најмногу пари во кеш на светот.

Весникот Financial Times објави дека во вториот квартал од годинава Alphabet има 117 милијарди долари во ликвидни резерви, во споредба со 102 милијарди долари на Apple.

Иако е неспорно дека имањето пари во кеш е поволно, титулата „Крал на кешот“ не е баш причина за славење. Според Financial Times, ваквото покажување богатство може да го зголеми притисокот од акционерите кои би сакале да видат дека компанијата ги троши парите на откупување акции или делење дивиденди, а исто така ќе отвори пат за поголемо „чешлање“ од регулаторите кои покажуваат загриженост околу доминацијата на Google.

Google и неговата матична компанија добија парични казни од 8,2 милијарди евра од ЕУ во изминативе две години, по обвинение за „создавање монопол на пазарот“. Компаниите исто така се под лупа во САД.

Apple од своја страна одигра улога во „предавањето“ на титулата “Крал на кешот“: компанијата активно ја намалуваше својата ликвидност во изминативе години. Од 2017 година наваму, резервите на производителот на iPhone опадна за 61 милијарда долари од највисоката сума од 163 милијарди долари, со тоа што Apple ги искористи даночните реформи во САД за да ги врати резервите од странство и да ги исплати инвеститорите.

Во меѓувреме, кеш резервите на Alphabet се зголемија за 20 милијарди долари во истиот период, иако компанијата инвестираше во недвижен имот за канцеларии и центри за податоци.

Покрај тоа што ја има звучната титула „Крал на кешот“, Alphabet и понатаму е далеку од вистинската титула – Највредна компанија на светот.

Оваа титула моментално ја има Microsoft, технолошкиот гигант кој го надмина и Amazon со вредност од 1 илјада милијарди долари.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе