Извршниот директор на Алпин, Флавио Бриаторе, негираше дека тимот е на продажба и потврди дека нема намера да отпушти работници во база во Обединетото Кралство.
„Едно работа е јасна. Ништо не е на продажба“, изјави Бријаторе за BBC.
Алпин е во сопственост на Рено, а Бриаторе беше ангажиран да ги подобри резултатите на тимот кој моментално е осми во шампионатот.
„Извршниот директор на Рено, Лука Де Мео не сака да го продаде тимот. Прашањето е затворено“, додаде 74-годишниот Бриаторе.
Бриаторе ова го изјави во Зандворт, за време на тркачкиот викенд во Холандија. Тој за прв пат им се обрати на медиумите откако ја презеде функцијата во јуни.
Рече дека „реалната“ амбиција на тимот е да биде на подиумот на трките во 2027 година.
Бриаторе изјави дека не се потребни толку многу луѓе во базата на тимот во Енстон, но ја отфрли можноста за отпуштања.
Исто така откри дека не е негова идеја да ја затвори фабриката за мотори на Renault во близина на Париз, одлука што ќе ја разгледаат челниците на компанијата следниот месец.
„Не сум јас секогаш лошото момче. Можете да ме обвинувате за сè друго, но не и за ова“, рече Бриаторе.