Alpina XB7 е BMW X7 „на стероиди“

BMW го претстави обновениот модел X7 во април годинава, а буквално неколку часа подоцна Alpina ја покажа својата верзија на големиот SUV. Тоа е XB7 со истите поделени фарови како и теренецот на кој се базира, сега уште помоќен.

Дизајнот на предната маска остана практично ист, што значи дека сè уште се споменатите поделени фарови со масивна решетка меѓу нив. Двата дела на решетката се осветлени, а достапна е и функцијата waterfall light која може да се активира додека возите. Уникатниот изглед на долниот дел од браникот го прави теренецот многу агресивен, а одзади има пар редизајнирани издувни врвови интегрирани во задниот браник.

XB7 доби стандардни 21-инчни тркала со гуми 285/45R21, но има опција и за комплет од 23-инчни тркала со дизајн Alpina Classic со 20 краци. Гумите напред се со димензии 285/35R23, а задните со 325/35R23. Зад предните бандажи се кријат клешти со сопирачки Brembo со четири клипови.

Под хаубата е новиот 4,4-литарски V8 twin-turbo (S68) мотор на BMW со блага хибридна технологија. Благодарение на значајните модификации направени од експертите во Alpina, моторот сега испорачува 630 КС наместо претходно најавените 621 КС. Вртежниот момент останува ист на 800 Nm. Силата се испраќа на сите четири тркала преку осумстепен автоматски менувач. Зад воланот има лопатки за менување на брзината.

Remote video URL

SUV сега забрзува од 0 до 100 км/час за 4 секунди и достигнува максимални 290 км/час.

XB7 е исклучително стабилен во свиоците, има интелигентен xDrive погон на сите тркала и електронски променлив диференцијал со ограничено лизгање. Степенот на блокирање постојано се прилагодува во зависност од неколку фактори, вклучувајќи ја брзината на тркалото, коефициентот на зафат и аголот на управување.

Внатре, карактеристиката што најмногу привлекува внимание е најновата генерација на инфозабавниот систем iDrive на BMW, кој доаѓа со подобрена функционалност за гласовна контрола и поголем степен на достапна персонализација. На безбедносен план, има нов систем кој користи GPS податоци и податоци за траекторијата снимени од претходното возење за да складира до десет различни маневри за паркирање.

Alpina веќе прима нарачки, а првите испораки се очекуваат на почетокот на следната година.

МЕГА ГАЛЕРИЈА: Поглед на Alpina XB7 од сите агли

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе