Alpine го претстави електричниот A290_β со централно возачко седиште

Alpine го претстави концептот кој најавува сериски електричен хечбек за 2024 година.

Откако се појави во 1976 година, Renault 5 Alpine беше меѓу првите моќни хечбек модели кои беа пуштени во продажба дури и пред Golf GTI на Volkswagen. R5 ќе се „оживее“ како електричен автомобил, така што има смисла да се оживее и неговата верзија со високи перформанси. Затоа, Alpine го претстави концептот A290_β, кој ќе ја добие својата сериска верзија во 2024 година. Патниот модел ќе го произведува Renault Group во фабриката во малото француско гратче Дуе, а ќе се базира на електричната CMG-B платформа.

Со оглед на тоа што се работи за концепт, Alpine си ги зеде сите слободи. Се базира на концептот Renault 5 претставен на почетокот на 2021 година, но изгледа многу поекстремно за да се нагласи неговата спортска страна. Моќниот електричен автомобил ги доби познатите четири фарови, но и вертикалните задни светла преземени од тркачкиот модел А470. Обоен е во бело, во контраст со делумно црна хауба и покрив, додека долниот дел од каросеријата содржи ковани карбонски површини со сини детали.

Иако е долг само 4,05 метри, Alpine A290_β се наоѓа на големи бандажи од 20 инчи со необичен дизајн, кој има квадратен исечок во средината. Централните бандажи се украсени со француското знаме и се опремени со гуми развиени од Michelin. Оваа компанија ќе набавува и гуми за серискиот модел. Сѐ уште не е познато дали тој ќе изгледа подеднакво радикално.

Концептот е широк 1,85 метри и висок 1,48 метри, внатре има конфигурација од три седишта како онаа во McLaren F1 со возачкото седиште поставено централно и малку пред двете совозачки седишта. Контролната табла е дизајнирана во форма на стрела, направена според моделот на носот на болид од Формула 1. Минималистичкиот внатрешен дизајн вклучува волан инспириран од овогодинешниот тркачки автомобил LMP2 A470 и билидот A523 F1.

Alpine не откри детали за концептот, но се знае дека има систем за векторирање на вртежниот момент и задна суспензија со повеќе врски. Оваа суспензија е веќе потврдена за стандардниот Renault 5, па ќе биде дел и од спортската верзија. Концептот доби поцврсто прилагодување на суспензијата, три режими на возење (влажно, суво, полно) и Brembo сопирачки преземени од купето A110.

Следната година ќе пристигне сериската верзија на концептот Alpine A290_β, а потоа кросоверот GT-X Over и електричниот наследник на A110 развиен со Lotus.

реклама

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе