Alpine го претстави електричниот концепт модел A110 E-ternity

Концептот A110 E-ternity е придвижуван од модифицирана погонска единица што ја нуди Renault со својот електричен модел Mégane E-Tech.

Со откриениот концепт A110 E-ternity, француската автомобилска компанија Alpine покажа дека не се шегуваат кога пред 18 месеци објавија дека ќе се откажат од автомобилите со мотори со внатрешно согорување пред крајот на деценијата.

Со најавата дека наскоро од производствените погони на Alpine ќе излезат два сосема нови електрични модели (кросовер и хечбек), нивниот прв одговор на секогаш присутната електрификација се базира на актуелниот купе модел А110 и моментално е претставен во форма на концепт прототип.

Електричниот A110 E-ternity е минимално различен од стандардниот модел A110 кој го придвижува централно лоцираниот 1,8-литарски четирицилиндричен турбо-бензинец на Renault, а суштинската разлика се крие под хармоничното алуминиумско тело кое ги крие батериите и електричниот мотор. кои се „позајмени“ од неодамна претставениот Renault Megane E-Tech.

Со новата погонска единица пристигнаа дополнителни 258 килограми, но од француската компанија велат дека споменатите килограми не влијаеле на перформансите на електричниот A110 E-ternity, кој заостанува само 0,1 секунда зад послабиот конвенционален при забрзување од 0 до 100 км/час во споредба со послабата, конвенционална верзија (252 КС).

За оптимално поставување на батериите требаше да се направат многу модификации, а доработен е и електромоторот кој во овој случај развива 240 КС и 300 Nm вртежен момент. Со едно полнење на батеријата, Купето може да помине до 420 километри, а публиката првпат ќе го види во живо на претстојната Формула 1 трка во Франција.

реклама

Руска докторка открива која храна е „гориво за канцер“ по 40-тата година

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Снег во Шведска - 118 години тоа не се случило во овој период од годината

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Концепти

Камион што поминува 5.000 километри годишно на сончева енергија

Read more

Volkswagen го покажа новиот модел ID - дали ќе влезе во производство?

Read more

Mercedes Vision One-Eleven е ѕвездата на автосаемот во Минхен

Read more

Volkswagen го претстави концептот ID. GTI, доаѓа и сериската верзија

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Mini eMastered е сè што барате од мал градски електричен автомобил

Читај повеќе

Зошто отворот на резервоарот за гориво не е на исто место кај сите возила?

Читај повеќе
  • filter

Како изгледа новиот центар за безбедност на Audi вреден 100 милиони евра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот самовозечки автобус почна да вози во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа колекција од 13 автомобили вредни 50 милиони долари?

Читај повеќе

Што мислат возачите за автономните возила?

Читај повеќе

Само три Volkswagen модели ќе ја преживеат електрификацијата

Читај повеќе
  • filter

Пристигна: Новиот Volkswagen Tiguan има што да покаже

Читај повеќе

Маск ветува премаз што ќе спречи гребнатини на Cybertruck

Читај повеќе