Директорот на Институтот за судска медицина Александар Станков изјави дека на местото на автобуската несреќа во Бугарија се пронајдени 44 тела и остатоци од тела, коишто ќе се поврзат со ДНК анализата.
Седумтемина преживеани остануваат на лекување во болницата „Пирогов“. Нивната состојба е стабилна. Двајца од преживеаните се оперирани. Еден од нив има длабока изгореница на двете раце. Здравствените власти размислуваат оние кои се стабилни да си одат дома кај своите најблиски.
Завчера остатоците од опожарениот автобус под силно полициско обезбедување беа отстранети од автопатот „Струма“.