Алтернатива ќе биде дел од Владата и од парламентарното мнозинство

Алтернатива ќе биде дел од Владата и од парламентарното мнозинство, одлучи синоќа Цантралниот совет, највисокото тело на партијата.

Како што изјави партискиот портпарол Орхан Муртезани, одлуката била донесена со мнозинство гласови во Централниот совет.

Лидерот на партијата Африм Гаши на седницата во партиското седиште во Тетово ги информирал за текот на досегашните преговори и програмските точки кои се договорени, како и за преземените обврски.

Причина за влегување на Алтернатива во Владата, како што наведе Муртеазни, се историскиот момент за отворање на преговорите за членство во ЕУ и затворање на спорот со Бугарија како цели на државата, но и на Албанците затоа што со тоа ќе се отвори патот за евтоинтеграција на целиот регион.

– Дополнително се договоривме Владата да бара меѓународна истрага за случаите каде што има сомнежи за политичка импликација како што се Монструм, Алфа, Диво насеље, Алмир Алиу итн. Договоривме и точки кои се однесуваат на рамномерниот регионален развој, економски развој на Липковско, заштита на семејството како јадро на општеството што е наша основна програмска дефиниција, но и заштита на цената на струјата која е исклучително важна во ова време. Сметаме дека постигнувањето на овие договори е голема победа за нашата држава, за Албанците во Северна Македонија и пошироко, но и партиска победа на Алтернатива, истакна Муртезани.

Со влегувањето во Владата, посочи партискиот портпарол, Алтернатива докажа дека е клучот за решавање на кризата, а не само декор со четворица пратениците, и таа ќе преземе и важни одговорности.

– Ние ќе преземеме значајни обврски од областа на здравството, борбата против криминалот и корупцијата, енергетиката, организацијата на дијаспората, но и образованието, културата и подигнувањето на квалитетот на животот на граѓаните, поддршка на економскиот живот на сите граѓани на државата, кажа Муртезани.

Сите детали за договореното околу влегувањето на Алтернатива во Владата, денеска во 13 часот во Клубот на пратениците ќе информираат лидерот на партијата Африм Гаши и премиерот Зоран Заев, кои свечено ќе ја потпишат програмата за заедничко дејствување.

Тагови
реклама

Секс во бременост: Дали е безбеден за бебето и кои пози и се најудобни на жената?

Read more

Ситуации и места каде што е најлесно да се заразите со омикрон

Read more

Зеленчук што дебелее: Ако сте на диета, внимателно колку го јадете

Read more

IQ мапа: Кој е поглуп, а кој попаметен од Македонците во Европа?

Read more

Македонија

Светиот крст во Скопје посветен на сите учесници во церемонијата за Богојавление

Read more

Следува влажен и студен бран со снег и голомразица

Read more

Оваа година крстот ќе биде положен во осветените води, но со ограничен број на луѓе

Read more

Влошена епидемиолошката состојба – расте бројот на новозаразени и на реинфекции

Read more
 

Вести

Борисов: Има теми за кои двете страни мора да направат компромис

Читај повеќе

Австралија нуди сезонски работни места за туристи и студенти од странство

Читај повеќе

Светиот крст во Скопје посветен на сите учесници во церемонијата за Богојавление

Читај повеќе

Следува влажен и студен бран со снег и голомразица

Читај повеќе

Приведено лице по распишана потерница за доиздржување казна затвор

Читај повеќе

СЗО: Да не се залажуваме, далеку сме од крајот на пандемијата

Читај повеќе

Оваа година крстот ќе биде положен во осветените води, но со ограничен број на луѓе

Читај повеќе

Влошена епидемиолошката состојба – расте бројот на новозаразени и на реинфекции

Читај повеќе

Најстудено во Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка

Читај повеќе