Алуминиумски фелни - кога може да се поправат, а кога се за на отпад?

Налетавте на дупка или камен и ја оштеттивте алуминиумската фелна - „само“ ја искрививте или можеби пукна. Јасно е дека мора да оди на поправки или да се купи нова.

Низ глава прво ви поминуваат можните цени за поправка (20, 40 или 70 евра), а ако штетата е посериозна, се прашувате дали воопшто може да се санира и ако не, дали вреди да се купи нова наместо да се поправи оваа?

Нагласуваме дека сега зборуваме само за посериозни поправки - не за естетско дотерување во однос на средување гребнатинка, полирање, фарбање, лакирање...

Во секој случај, реагирајте веднаш - по првите симптоми. Колку побрзо реагирате, толку е поголема можноста да спречите поголема (поскапа) штета. Симптомите на оштетување на гумите и тркалата може да се преклопуваат, но тоа не ја менува суштината. Затоа, одете на вулканизер веднаш штом забележите дека:

  • воланот се тресе при одредени брзини
  • гумата го губи притисокот на воздух затоа мора да ја пумпате на секоја недела или две
  • гумата се аби нерамномерно

Исто така, ако забележите дека надворешниот раб на фелната е дури и малку изобличен, треба да се поправи што е можно побрзо. Посебен проблем е штетата што се појавува на задниот дел на фелната, бидејќи не можете да го видите, како и оштетувањето на внатрешноста на фелната.

Тоа може да биде мала пукнатина низ која воздухот полека, но сигурно излегува. Губењето на притисокот може да биде толку бавно што многу возачи дури и не размислуваат да одат на вулканизер поради тоа.

Сепак, оваа мала пукнатина може да се шири со тек на време, особено при поголема брзина и возење по лоши патишта. Исто така, одеднаш може да пукне кога ќе наидете на дупка, камен, легнат полицаец или малку побрзо ќе се искачите на работ на тротоарот.

Колку чини да исправањето фелни?

Цената зависи од многу фактори - точната цена обично ќе ја добиете откако фелната ќе стигне во сервисот и кога ќе ја прегледа мајстор.

Ако фелната е само малку искривена, без напукнување, цената на поправката може да биде неколку илјади денари, но може да биде и значително поголема во зависност од димензиите на фелната (на пр. 20 или 21 инчи), видот на фелната, степенот на оштетување, сервисот каде сте побарале услуга и слично.

Ако фелната е посериозно искривена, постои можност за пукање при исправањето. Во тој случај, мора да се заварува. Заварувањето ја отежнува поправката, а со тоа и цената. Ако станува збор за надворешниот дел, ќе биде потребно полирање, боја, лак... Сè зависи од претходната состојба на фелната, а и желбите на сопственикот и слично.

Се разбира, не сите сервиси не работат на истиот принцип, па затоа пред да ја поправите, прво договорете се за постапката во случај да се скрши фелната за време на поправката.

Цената на заварувањето зависи од случај до случај. Некои сервиси воопшто не сакаат да прават заварување ако има големи штети или оштетувања на некои специфични места.

Што може да се поправи, а што не?

Всушност, скоро сè може да се поправи – секоја фелна – колку и д аима пукнатини и искривувања, може да се поправи. Единственото прашање е дали сопственикот е подготвен да плати колку што бара мајсторот што ќе ја поправа фелната.

Се разбира, треба да најдете таков мајстор - кој е подготвен да вложи доволно време, напор и материјали во поправката, а во исто време има вештини и искуство за правилно да го стори тоа - по цена што е прифатлива за сопственикот...

Затоа буквално нема правила по ова прашање. Секако - секогаш останува прашањето колку ќе биде безбедна оваа фелна по поправката?

Логично, мајсторите кои знаат да поправат фелна на која ѝ недостасуваат цели парчиња или е сериозно искривена со долги пукнатини, велат дека заварувањето на пукнатините, заварувањето на деловите што недостасуваат и зацрвстувањето се врши професионално, па нема зошто да се грижите.

Тие тврдат дека таа ќе издржи сè што можела да издржи кога била нова.

Тие исто така велат дека досега немале поплаки кога станува збор за поправка на вакви „непоправливи“ фелни, кои во други сервиси на прв поглед ќе ги отпишеле.

Се разбира, сè се сведува на тоа како се прави зацрвстувањето и заварувањето. Ако се направи професионално и квалитетно, фелната може да биде безбедна. Но, ако тоа го направил некој без доволно искуство, со рачен алат или слично, поправката може да претставува ризик, односно може да резултира со напукната фелна.

Да разгледаме два примери. Фелна од 22 инчи во сервис во Романија:

Remote video URL

Пример за поправка кога недостасува голем дел од работ на фелната (Русија):

 

Remote video URL
Како се поправаат фелни?

Како што можете да видите во видеата погоре, постапката зависи од видот на штетата.

Во случај на малку искривена фелна, се става на специјална машина, се загрева со пламен за да се омекне материјалот за да се избегне пукање при исправање, а потоа се исправа со хидрауличен уред и разни додатоци (со дополнително загревање доколку е потребно).

Ако фелната пукне, следува заварување. Ако се одвои цело парче, може да се пополни со наварување материјал, по што површината ќе се избруси и ќе се доведе до првобитната состојба. Ако се одвои поголем дел, може да се изврши „трансплантација“ на парче од друга фелна или заварување на оригиналното парче што е откинато, доколку е достапно.

Рабовите на фелната се особено изложени на оштетување. Во случај на подлабоки и поголеми оштетувања, материјалот се заварува, се отстранува вишокот и, во зависност од потребите, се вршат естетски интервенции (покрај задолжителната антикорозивна заштита).

Колку се исплати поправката?

Кога фелната е сериозно оштетена, честопати постои дилема дали вреди да се поправи или да се купи нова (или половна).

Нема „универзален“ одговор, бидејќи треба да ја споредите цената на поправката и цената на нова или половна фелна. Поправката е генерално значително поевтин избор кај атрактивните и големи фелни со пречник од 20 или 21 инчи.

Исто така, понекогаш е невозможно да се најде фелна со специфичен дизајн, на пр. ако станува збор за скап модел, ограничена серија и слично, или цената е толку висока што повеќе се исплати да купите четири нови, обични.

Не се сите алуминиумски фелни изработени од ист материјал

Алуминиумските фелни не се изработени од чист алуминиум, туку од легура на алуминиум и разни адитиви, како што се силициум, магнезиум и титаниум.

Поради различниот состав, но и начинот на нивното производство, некои алуминиумски фелни се поотпорни на оштетување од другите. Исто така, некои само ќе свиткаат при ист удар, други ќе попуштат, а трети ќе се искриват и ќе пукнат.

Различни легури исто така може да реагираат различно на процесот на поправка - некои се поотпорни на пукање кога се исправаат, додека други се почувствителни.

Заклучок

Колку и да е оштетена фелната, колку и да изгледа непоправливо, веројатно ќе можете да најдете мајстор кој ќе биде подготвен да ја поправи. Како и да е, ризикувате, бидејќи таа фелна ќе биде на автомобилот што го возите вие, а не мајсторот.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Авто новости

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Read more
 

Автомобили

  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе