Фудбал

Алвес: Нејмар мора да го промени неговото однесување

15. септември 2018 - 10:43 | МИА/КАЈГАНА

Париз, 15 септември 2018 (МИА) - Бразилецот Нејмар во 2017 година пристигна пристигна во ПСЖ од Барселона за 222 милиони евра и стана најскапиот фудбалер во светот. Офанзивниот фудбалер веднаш се постави како лидер во соблекувалната, но тоа не им се допадна на неговите соиграчи.

Неговите први денови на „Парк де Принсес“ беа одбележани со судири со тренерот и со еден од најистакнатите стрелци - Единсон Кавани.

Иако неговиот настап на Светското првенство поради операцијата беше доведен во прашање, Нејмар, сепак, се опорави и подготви да го пречека Мундијалот во Русија. Од Бразилецот многу се очекуваше, но Нејмар вниманието на себе не го привлече со спектакуларни потези, туку со симулирање на теренот, што предизвика негативни реакции во светот на фудбалот.

Среќа да се излечи од повредата и да настапи на шампионатот немаше неговиот соиграч, а денес и голем пријател во ПСЖ, Дани Алвес.

Оваа недела тој се врати на тренинзите и го прокоментира однесувањето на Нејмар.

„Во животот, понекогаш се случуваат некои работи кои те прават позрел и сфаќаш дека мора да се однесуваш професионално. Разговарав многу со Нејмар, мислам дека сега е поискусен и дека сите оние шеги што ги претрпи на своја сметка за време на Светското првенство ќе го променат неговото однесување“, откри бразилскиот репрезентативец.

Коментирај