Аманатидис: Блиску сме до договор, ги чекаме одлуките од Скопје

Атина, 6 јуни 2018 (МИА) - Блиску сме до договор и во исчекување на одлуките на премиерот на ПЈРМ, вели заменик министерот за надворешни работи на Грција, Јанис Аманатидис во интервју за грчката телевизија Скај и објасни дека не е загрижен за задоцнувањето во процесот, бидејќи „на другата страна ѝ е потребно време за да го разгледа договорот“.

Заменикот на Коѕијас рече дека договорот е во интерес и на двете земји и „ги решава проблемите на таков начин што нема да се создаваат конфликти во иднина“.

 -Тоа е пакет решение, министерот откри дека е на околу 20 страници во кои се споменати сите прашања: иредентизмот,  уставната ревизија, ерга омнес, името и развивање на агенда за соработка, а секако и временскиот рок во кој ќе се имплементира сѐ ова. Ние сме во исчекување, вели Аманатидис и изрази уверување дека договорот ќе биде таков што „ќе го прифати поширокото мнозинство во грчкото општество и поширокото мнозинство во парламентот“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на денешните демонстрации, заменик шефот на грчката дипломатија рече дека Грција е демократска земја и секој може да протестира и да го изразува неговото мислење, но на сите оние што ќе учествуваат на протестите им порача дека би требало „да  размислат и за последниците на нерешавањето на проблемот“.

- Она што сакам да му го кажам на народот е дека грчката влада ја разбира чувствителноста, секогаш ја зема предвид, но од друга страна постои и националниот интерес, рече Аманатидис и објасни дека нерешавањето на прашањето е на товар на националните интереси.

реклама

10 август е краен рок: Дали ги заштитивте вашите фотографии на Google Photos?

Read more

Британскиот премиер доби интересен предлог: Европска конфедерација што би ја вклучила и Македонија

Read more

Венера затвора тешко поглавје за 3 хороскопски знаци на 10 август

Read more

Ќе почне ли распаѓањето на Канада? Сепаратистите во Алберта во октомври ќе одржат референдум

Read more

Регион

Две малолетнички избодеа со нож 18-годишна девојка во центарот на Белград

Read more

Green Coast го носи Nammos Hotels & Resorts во Албанија: Нова lifestyle дестинација се создава на албанската ривиера

Read more

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија, покажа холандска анализа

Read more

Црвена тревога во Грција: Прогласено највисоко ниво на подготвеност поради пожари

Read more

Вести

  • play_arrow

Разорен земјотрес ја погоди Колумбија, најмалку 49 загинати

Читај повеќе

Утре сончево и многу топло, температури до 40°C

Читај повеќе

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Читај повеќе
  • filter

ЕУ бара од 5 карипски земји да ги укинат познатите златни пасоши: За што служат и како се добиваат?

Читај повеќе

230 луѓе во еден чамец го преминаа Ламанш 

Читај повеќе

Во Идризово стигнале 32 пакувања марихуана, во пратка за затвореник

Читај повеќе

Перу руши рекорди: Бум во извозот на злато и бакар

Читај повеќе

Џез-вечери од 13 до 16 август на Охридско лето

Читај повеќе

Две малолетнички избодеа со нож 18-годишна девојка во центарот на Белград

Читај повеќе