Аманда брутално ја претепа Пења, испи пиво и ја напушти салата со патерици

Бразилката Аманда Нунес на супериорен начин ја освои УФЦ титулата во бантам категорија и уште еднаш покажа зошто е најголемата ММА борачка во историјата.

Пред половина година Аманда ја загуби титулата од Џулиана Пења, но ноќеска во Далас ѝ се одмазди и тоа со камата.

Аманда реши да се бори во контрагарда, што ја изненади шампионката, која во текот на борбата воопшто не ѝ се закани на Бразилката.

Нунес доминираше во текот на сите пет рунди и брутално ја тепаше противничката цели 25 минути, па Пења борбата ја заврши со бројни посекотини на лицето.

На крајот Аманда победи со едногласна одлука на судиите (50-45, 50-44, 50-43), а веднаш по борбата од организаторите побара пиво кое веднаш го испи за да го прослави својот триумф.

URL

Со тоа, 34-годишната Аманда повторно стана шампионка во две тежински категории во УФЦ. Никогаш не ја загубила титулата во перо категорија, а денес докажа дека сѐ уште е кралица во бантам категоријата и дека борбата од декември минатата година била само лош ден.

Меѓутоа, по тепачката при излегувањето од салата, навивачите останаа шокирани кога видоа дека Аманда мора да оди со помош на патерици, но според првите информации не било ништо сериозно.

URL

Нунес сега има скор 22-5, додека Џулиана Пења 11-5.

УФЦ 277 - главни борби

Аманда Нунес ја победи Џулиана Пења со едногласна одлука (50-45, 50-44, 50-43).

Брендон Морено го совлада Каи Кара-Франс со технички нокаут (3. коло, 3:34).

Сергеј Павлович го победи Дерик Луис со технички нокаут (1. коло, 0:55).

Алешандре Пантожа го победи Алекс Перес со гушење (1. коло, 1:31).

Магомед Анкалајев го победи Ентони Смит со технички нокаут (2. коло, 3:09).

Тагови
реклама

Руска докторка открива која храна е „гориво за канцер“ по 40-тата година

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Снег во Шведска - 118 години тоа не се случило во овој период од годината

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Останати спортови

КОЛОРРАН – атлетска трка која станува скопска традиција

Read more

Цегај го урна светскиот рекорд на 5.000 метри

Read more

Шведски атлетичар го направи незамисливото: Дуплантис ги заобиколи законите на физиката

Read more

Анаконда зафат за спактакуларна УФЦ вечер

Read more
 

Спорт

Капело објасни зошто Јувентус има предност во трката за Скудетото

Читај повеќе

Дрес од МЗТ за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

Читај повеќе

И Интер добива сопственик од Блискиот Исток?

Читај повеќе

Хамилтон пред Јапонското ГП: Се надевам Ред Бул нема да биде 30 секунди пред сите

Читај повеќе

Невидена доминација на Интер над Милан во 2023 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Онана направи нов кикс, па се извини: Јас сум крив што загубивме од Баерн

Читај повеќе

Дембеле синоќа постави срамен рекорд во Лигата на шампионите

Читај повеќе

Зад голот на голманот на Лацио се крие интересна приказна

Читај повеќе

Откриена крими банда: Бугари и Романци на бизарен начин ги мамеле обложувалниците

Читај повеќе