Филм & ТВ

Amazon го враќа „Lord of the Rings“ како телевизиска серија

14. ноември 2017 - 10:11 | К.З.

По една недела преговори, Amazon сепак се договори со законските наследници на Џ.Р.Р. Толкин за правата на „Lord of the Rings“ и објави дека ќе развива телевизиска серија според легендарното дело на авторот.

Amazon ги доби посакуваните права за користење на името и ликовите од „Lord of the Rings“, и вчера објавија дека нивниот план е да направат телевизиска серија според делото.

Директорот на одделот за телевизиски серии во Amazon, Тал Игуадо се обрати на јавноста за да ја соопшти среќната вест.

„’Lord of the Rings’ стана културен феномен благодарејќи на филмовите. Ние сме пресреќни што ќе работиме заедно со New Line Cinema за да донесеме уште многу возбудувања од Средната Земја на фановите на оваа франшиза“, рече Игуадо.

Засега нема информации за кастингот, ниту за режисерите на серијата, но она што се знае е дека новата серија ќе обработува настани кои не бевме во можност да ги видиме во филмската трилогија.

Коментирај