Amazon ја прекина испораката на дронови по два инцидента

Беспилотните летала на Amazon нема да вршат испораки во скоро време, бидејќи компанијата ја прекина услугата во Тексас и Аризона по инцидентите во кои два дрона МК30 се урнаа во Пендлтон, Орегон, каде што обично се вршат тестирања.

МК30 е беспилотно летало од следната генерација на Amazon, кое е полесно и има поголем домет од неговиот претходник, моделот МК27. Инцидентите се случиле во декември, а еден од дронови дури и се запалил откако паднал. Amazon заклучи дека дроновите паднале поради софтверски проблем поврзан со послаб дожд кој паѓал во моментот на тестовите.

Сепак, Amazon вели дека инцидентите не се главната причина за прекин на испораката на беспилотни летала. Портпаролот на компанијата, Сем Стивенсон, изјави за Bloomberg дека Amazon „во моментов е во процес на промена на софтверот на дронот“. Откако ќе се направат надградбите, Amazon мора да добие дозвола од Федералната управа за авијација за да продолжи со работа. И покрај ова, потврдено е дека вработените постојано ќе добиваат плата.

Покрај падовите на дроновите во декември, два дрона МК30 се судрија при уште едно тестирање неколку месеци претходно. Стивенсон рече дека Amazon очекува слични инциденти за време на тестирањето и дека тие ѝ помагаат на компанијата да ја подобри безбедноста на услугата.

Amazon има направено одредени испораки со беспилотни летала во Тексас од 2022 година, проследено со испорака на лекови на рецепт следната 2023 година. Минатата година, испораката на дронови беше прекината во Калифорнија, но услугата беше лансирана во Феникс во Аризона.

Тагови
реклама

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Русите преку ноќ уништија еден од најголемите пазари во Европа

Read more

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Вести

Од Лондон до Њујорк повторно за 3 часа? Се враќаат суперсоничните патнички авиони

Read more

Климатолозите објавија мрачен извештај: Ќе дојдеме до точката од која нема враќање

Read more

Песокот од Сахара што паѓа над Европа е радиоактивен, според научна студија

Read more

НАСА наскоро ќе лансира нов вселенски телескоп SPHEREx

Read more
 

Гик

Од Лондон до Њујорк повторно за 3 часа? Се враќаат суперсоничните патнички авиони

Читај повеќе

Климатолозите објавија мрачен извештај: Ќе дојдеме до точката од која нема враќање

Читај повеќе

Песокот од Сахара што паѓа над Европа е радиоактивен, според научна студија

Читај повеќе

НАСА наскоро ќе лансира нов вселенски телескоп SPHEREx

Читај повеќе

Apple Intelligence ќе добие поддршка за повеќе јазици во април

Читај повеќе

Forza Horizon 5 доаѓа на PlayStation 5

Читај повеќе

Google Play воведе верификација за VPN апликациите

Читај повеќе

Во Данска пронајдени фосили стари 66 милиони години - откриваат кој кого јадел

Читај повеќе

Windows 11 наскоро би можел да го олесни споделувањето датотеки

Читај повеќе