Амбер Херд ќе заплачеше на судењето: Првата шлаканица ми го скрши срцето

Во текот на денешното рочиште на судењето за клевета актерката Амбер Херд сведочеше за првпат, а задржувајќи ги солзите зборуваше за наводната прва шлаканица што ја примила од поранешниот сопруг Џони Деп и порача дека тоа ѝ го „скршило срцето“.

Ова е прв пат Амбер Херд, поранешната сопруг на Џони Деп, да зборува во текот на судењето за клевета, а двете филмски ѕвезди поднесоа тужби една против друга.

Нејзиното сведочење следеше по исказ на форензички психолог кој рече дека Херд страда од посттрауматски синдром поради наводното малтретирање од Деп. Актерката тврди дека нејзиниот поранешен сопруг за првпат ѝ удрил шлаканица откако се насмеала на една од неговите тетоважи, мислејќи дека тој се шегува.

Изјави дека никогаш претходно не била така удрена, па јасно ѝ било дека по тој чин нема враќање назад, како да ѝ се „скршило срцето“. Херд исто така изјави дека судењето за клевета покренато против неа од Деп е „најболната и најтешката работа низ која минала во животот“.

Таа пред судот раскажа дека Деп почнал да исчезнува на некое време, потоа ја критикувал нејзината облека и тоа што го носела на холивудските настани.

Remote video URL

„Се трудам да пронајдам зборови со кои би опишала колку е ова болно. Ова е ужасно за мене. Седам овде со недели и проживувам сè, слушајќи луѓе кои ги познавам – некои добро, а некои не, како зборуваат за нашите животи на начин на кој го зборуваат тоа“, изјави Херд.

Сведочењето го започна со приказната за нејзиното детство, преселбата во Лос Анџелес и запознавањето со Деп.

Remote video URL
Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Филм & ТВ

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Read more

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе