Амбициозен план на BMW: Нова батерија, 30% поголема автономија

BMW ги објави првите детали за новиот дизајн на батерии од шестата генерација, кој на пазарот ќе пристигне кон средината на деценијата.

Новите батерии ќе претставуваат значително подобрување на дизајнот на петтата генерација и ќе бидат наменети за најновите модели на брендот, како што се BMW iX и BMW i4.

Новата батерија и понатаму е од литиум-јонски тип, но има дизајн со кружни ќелии, што овозможува поефикасно пакување во споредба со сегашната форма на призма. Во самата ќелија зголемена е содржината на силициум и никел, а намалена е количината на скапиот кобалт.

Од BMW наведуваат дека новиот дизајн носи предност во енергетската густина на ќелиите за 20%, а се проценува дека тоа ќе резултира со 30% поголема автономија во споредба со батериите од петтата генерација со слична големина и маса.

Друга клучна предност на новата батерија е преминот кон архитектурата од 800 V, која ја прифаќаат сè повеќе производители, бидејќи овозможува брзо полнење со голема моќност. BMW не објави специфики за времето на полнење, но се очекува да биде околу 30% побрзо во споредба со денешните батерии.

Развојот на новите батерии се одвива во центарот на BMW во Минхен. Германската компанија сама ќе ги произведува новите батерии во шест фабрики со вкупен капацитет до 20 gWh. Фабриките се рамномерно распоредени низ Кина, Европа и Северна Америка и ќе користат рециклирани материјали во производниот процес. Сето ова заедно значи дека трошоците за производство на батерии би можеле да се намалат до 50% во споредба со петтата генерација, велат од BMW.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе