Амбулантите и болниците ќе работат за време на министерскиот состанок на ОБСЕ

Министерството за здравство информира дека одлуката 29 и 30 ноември да бидат неработни денови за сите вработени во државната и јавната администрација во Скопје поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ не важи за вработените во здравствените установи.

Здравствената заштита ќе се одвива континуирано и непрекинато за сите пациенти како и досега и таа нема да влијае на достапноста на здравствена заштита на населението.

„Поради одржувањето на овој важен министерски состанок, медицинските установи се задолжени во овие денови да имаат обезбедено дежурни лекарски екипи и друг медицински персонал со потребни простори и опрема за укажување медицинска помош, односно да бидат во состојба на подготвеност со своите капацитети. Правните лица со дејност здравствена заштита лоцирани во Скопје потребно е мерката прва медицинска помош да ја извршуваат во согласност за стандардните оперативни процедури на Дирекцијата за заштита и спасување“, велат од Министерството за здравство.

Триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ ќе биде 24 часа покриен со присуство на екипи и од Службата за итна медицинска помош.

Тагови
реклама

Неделен хороскоп од 26 февруари до 3 март: Голема трансформација за еден знак

Read more

Како се чисти загорено дно на пегла со таблета парацетамол?

Read more

Починат маж пронајден на улица во Скопје

Read more

Полната Месечина викендов ќе донесе промени во кариерата за 5 знаци

Read more

Македонија

Османи прв собра 10.000 потписи за претседател: Веста ме најде во домашен амбиент

Read more

Амбасадорката Тигањ: Во Хрватска може и со старите пасоши

Read more

Герапетритис: Преспанскиот за пасошите мора да се почитува, а меморандумите во Грција ќе бидат ратификувани кога ќе им дојде времето

Read more

Во Ротимља одбележана 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата

Read more
 

Вести

Европејците сѐ помалку сакаат да работат, државите се обидуваат да ги мотивираат

Читај повеќе

Уште едно убиство: 56-годишен маж застрелан во близина на патот кон Горно Блаце

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи прв собра 10.000 потписи за претседател: Веста ме најде во домашен амбиент

Читај повеќе

Амбасадорката Тигањ: Во Хрватска може и со старите пасоши

Читај повеќе

Земјотрес во Босна и Херцеговина и во Хрватска

Читај повеќе

Унгарија најпосле ѝ дозволи на Шведска да влезе во НАТО

Читај повеќе

Герапетритис: Преспанскиот за пасошите мора да се почитува, а меморандумите во Грција ќе бидат ратификувани кога ќе им дојде времето

Читај повеќе

Починат маж пронајден на улица во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Навални требало да биде разменет за руски платен убиец, Путин се откажал во последен момент

Читај повеќе