Америка е на раб на граѓанска војна, полицијата клекна пред демонстрантите

Демонстрантите и полицијата се судрија и во Њујорк, Филаделфија, Лос Анџелес и Атланта, поради што градските власти, како и властите во Мајами и Чикаго, прогласија полициски час.

Полицајци во Њујорк и во окрузите Флинт и Мичиген клекнаа на улица пред демонстрантите кои протестираат поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој беше убиен од полицаец, иако не бил вооружен.

Со ваквиот гест полицајците сакаа да покажат солидарност со огорчените демонстранти и покажаа дека се против насилство, истовремено оддавајќи му почит на Флојд.

Remote video URL
Remote video URL

Меѓу нив беше и шефот на полицијата во Бруклин Џефри Мадреј, кој е Афроамериканец.

Некои од демонстрантите им довикуваа „благодарам“ на полицајците, а еден од демонстрантите на глас прочита имиња на други Афроамериканци убиени од полицајци без прoвокација.

Немирите низ земјата ги ставија САД на работ на граѓанска војна. Групи незадоволни граѓани имаше на протестите во Далас, Лас Вегас, Сиетл, Мемфис и на други место, дури и во Вашингтон пред Белата куќа. Тие извикуваа „Животите на црнците се важни“ (Black lives matters) и се соочиja со полицајците опремени со штитови и полиција на коњи пред оградата на Белата куќа.

Избувна и пожар во близина на Белата куќа, веднаш по завршувањето на полицискиот час. The Guardian пишува дека пожарот избувнал во подрумот на црквата на св. Јован која од 1816 се нарекува и „црква на претседателите“. Пожарникарите на градот Вашингтон за кратко време го ставиле пожарот под контрола.

Полицаецот кој го уби Флојд,  Дерек Шовен, е уапсен, но Американците сакаат неговото обвинение да биде за убиство со умисла и да бидат уапсени тројцата други полицајци кои учествува при апсењето.

Remote video URL
реклама

Не може да ги надмудрите луѓето родени во овие 3 хороскопски знаци

Read more

Казна затвор 19 години за Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пино

Read more

Се самоуби внукот на Елвис Присли, Бенџамин Кео

Read more

Гејтс: Лекот и вакцините треба да бидат достапни за сите, не само за богатите

Read more

Свет

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Read more

СЗО: Кризата со коронавирусот може да се продлабочи

Read more

Градоначалникот на Сеул кој се самоуби бил обвинет за сексуална злоупотреба

Read more

Гејтс: Лекот и вакцините треба да бидат достапни за сите, не само за богатите

Read more

Вести

Усвоени здравствените протоколи за работа на плажите и базените

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

МЗ: Денеска 6 лица даруваа крвна плазма, досега се обезбедени 52 единици за третман на пациенти

Читај повеќе

СЗО: Кризата со коронавирусот може да се продлабочи

Читај повеќе

До 15 часот гласале 340 лица со COVID-19 и во самоизолација

Читај повеќе

Двајца мигранти држеле во заложништво други 19 мигранти во Ваксинце

Читај повеќе

Косово воведе задолжителен тест за COVID-19 за граѓаните на Северна Македонија, БиХ и Црна Гора

Читај повеќе

Чаир со над 300 активни случаи на заразени со коронавирус

Читај повеќе

Нови 88 случаи на COVID-19, најмногу во Скопје

Читај повеќе