Живот

Америка е најлоша земја за вработени родители, а Финска е рај

12. септември 2017 - 20:13 | А.С.

Работа со полно работно време и растење дете е голем предизвик за родителите. Според едно најново истражување на Expert Market во кое беа анализирани стандардите за баланс на вработените родители, утврдени се огромни разлики ширум светот.

Огромно изненадување е дека Америка е на прво место како најлоша земја за вработени родители, иако со децении е позната по синтагмата „Американски сон“ што се однесува на подобар, пред сѐ семеен живот.

Во анализата било опфатено работното време на родителите на годишно ниво, бројот на платени денови отсуство дозволени со закон, платено породилно отсуство, како и татковско отсуство. Опфатени биле 37 земји.

Најдобри земји се Финска и Естонија бидејќи таму има најголемо почитување кон вработените родители. Финска е прва по бројот на бодови за платено годишно отсуство, а Естонија е на второ мето со најдобар резултат во категоријата платено породилно отсуство. Тие даваат 85 недели со полна плата.

Јапонија и Норвешка се единствените земји што се најдоа во топ 10 најдобри, а не се членки на ЕУ. Јапонија се рангираше бидејќи им дава на татковците 30,4 недели платено отсуство, а во Норвешка има воведено помал број на работни часови за вработени родители.

Иако важат за една од најразвиените нации, САД се најлоша земја за родители кои работата. Лошо им се организирани деновите за платено отсуство на родителите, а работодавците воопшто не плаќаат за денови отуство поради семејни или родителски проблеми.

Меѓу десетте најддобри земји се Финска, Естонија, Австрија, Франција, Германија, Шведска, Јапонија, Норвешка, Луксембург и Словачка.

Десетте најлоши се: САД, Мексико, Костарика, Канада, Чиле, Израел, Турција, Ирска, Нов Зеланд и Швајцарија.

Коментирај