Америка и Европа буквално се оддалечуваат, се шири Атлантикот

Научниците открија дека, спротивно на досегашното верување, планинскиот венец во средина на Атлантскиот Океан има големо влијание во обликувањето на планетава и буквално ги оддалечува континентите Северна Америка и Европа.

Точниот механизам кој го регулира движењето на земјините тектонски плочи одамна им прави проблем на научниците, но најновите истражувања спроведени од Универзитетот Саутемптон најавуваат големи промени во истражувањата за климатските промени и нивното решение.

Новото истражување сугерира дека планинскиот венец долж средината на Атлантикот, познат како Средноатлантски Гребен, оној кој се појавува на морското дно и ја означува границата помеѓу две огромни тектонски плочи, веројатно игра многу позначајна улога отколку што досега се мислеше. Тој секоја година го шири Атлантскиот Океан за неколку сантиметри, а процесот истовремено прави океанот од другата страна на Северна Америка, односно Пацификот, да се смалува.

Истражувачите поставија 39 сеизмометри на дното на Атлантикот на длабочина од 1 километар и ја набљудуваа сеизмичката активност на планетава во период од една година. За време на тој период го следеа и протокот, или трансфер, на материја помеѓу горниот и долниот плашт кој се наоѓа под земјината кора.

Користејќи врвна технологија, успеаја да добијат јасна слика од трансферот на материја на длабочина од дури 660 километри под површината, што е прва слика со висока резолуција од земјиниот плашт во овој дел на планетата.

„Набљудувањето покажа трансфер на материја од горниот во долниот плашт, како континуирано, така и испрекинато, процес кој е поврзан со Средноатлантскиот Гребен“, велат истражувачите, додавајќи дека конвекциските струи низ целиот плашт можеби и се позастапени и поважни отколку што досега се мислеше.

Со други зборови, ваквите големи гребени на сред океаните играат активна, а не пасивна улога во тектонските плочи кои буквално ја обликуваат нашата планета, иако за само 3,8 сантиметри годишно.

Кога тектонските плочи се судираат, настануваат земјотреси, цунамија и вулкански ерупции.

Има 7 големи тектонски плочи кои прават 94% од земјината површина, а останатите 6% се повеќе многу помали плочи 

„Растојанието помеѓу Северна Америка и Европа постојано се зголемува, а не е водено од политички или филозофски разлики“, вели д-р Ник Хармон од Универзитетот Саутемптон.

Понатамошното истражување во ова поле и собирањето на повеќе податоци ќе придонесат за подобри системи за предупредување од природни катастрофи и подобра информираност за климатските промени со мерење на подигнувањето на водата во светските океани.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе