Америка ѝ праќа на Русија респиратори вредни 5,6 милиони долари

Вкупната вредност на 200 респиратори што САД ќе ги испратат во Русија, заедно со трошоците за испорака, изнесува 5,6 милиони долари, соопшти Американската амбасада во Москва.

Во соопштението се наведува дека САД денеска испорачале 50 висококвалитетни респиратори, како дел од првата пратка хуманитарна донација за рускиот народ во време кога се соочува со пандемија на коронавирусот.

Од Амбасадата истакнуваат дека се работи за донација од вкупно 200 респиратори произведени во САД и дека донацијата ќе биде остварена „благодарение на великодушноста на американскиот народ и иновациите во приватната индустрија“.

Вториот дел од испораката на американски вентилатори за Русија се очекува да се изведе следната недела.

Од почетокот на пандемијата, Русија има потврдени 317.554 случаи на COVID-19. Од нив, 3.099 пациенти починаа, а 92.681 оздравеа.

Во САД се регистрирани 1.604.843 заболени од коронавирусот, од кои 95.656 починаа, а 371.795 оздравеа.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе