Америка ја чека пресудата за убиството на Џорџ Флојд

Со презентација на завршните зборови на обвинителството и одбраната во судот во Минеаполис заврши судењето за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, за кое е обвинет поранешниот полицаец Дерек Шовин, а предметот натаму и е предаден на поротата која ќе треба да донесе одлуки за трите обвиненија од предметот.

Кога ќе почнат да одлучуваат за вината на Шовин, поротниците ќе бидат сместени во хотел, а времето за донесување одлука не им е ограничено.

Обвинението против Дерек Шовин има три точки: убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство од небрежност од втор степен.

За убиството од втор степен, најсериозното од сите три обвиненија, 12-те поротници мора да се согласат дека постапките на Шовин довеле до смртта на Флојд.

Казната за тоа дело е до 40 години затвор, но законските прописи во Минесота ја намалуваат ваквата казна на 15 години за луѓе како Шовин, кои претходно не биле осудувани, соопшти  Гласот на Америка.

Обвинителството побара судијата Питер Кејхил да отстапи од тоа и доколку биде прогласен за виновен, тој да го осуди Шовин на подолга затворска казна.

Претходно, во завршните зборови, претставникот на обвинителскиот тим, Стивен Шлејкер, побара од поротниците, како што рече, да веруваат во своите очи и објави видеа од приведувањето на Џорџ Флојд.

-Ова не е судски процес против полицијата која треба да биде храбра и да штити и да биде сочувствителна во службата. Џорџ Флојд не претставуваше закана за никого. за соочување со него тој ден не беше потребна храброст, која не ни беше искажана. Сè што беше потребно беше покажување на малку сочувство, што, исто така, изостана, рече Шеклер.

Адвокатот на обвинетиот Шовин, Ерик Нелсон, ги потсети членовите на поротата за презумпцијата на невиност на неговиот клиент.

Осврнувајќи се на сведочењето на еден од полицајците, Џони Мерсил, тој тврди дека постапката што ја користел Шовин при апсењето на Флојд не е забранета и додаде дека тоа укажува на недостаток на намера затоа што, како што рече, Шовин имал намера да дејствува според правилата на кои е обучен.

Во досегашните постапки, кои ги пренесоа сите светски медиуми, искази дадоа повеќе од 40 сведоци. 

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе