Американците ги сменија правилата, Ѓоковиќ ќе може да игра во САД

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ќе може да игра на турнири на територијата на САД, откако американскиот Сенат гласаше за укинување на националната декларација за вонредна состојба предизвикана од пандемијата на коронавирусот, објави CNN.

Американските медиуми јавуваат дека американскиот претседател Џо Бајден ќе ја потпише оваа одлука, бидејќи првиот човек на САД најави дека нема да стави вето.

Американскиот Сенат со 68 гласа „за“ и 23 „против“ донесе одлука за прекин на вонредната состојба. Според сегашните правила, странските државјани кои не биле вакцинирани против коронавирусот не можат да патуваат во САД. Оваа одлука го спречи Ѓоковиќ претходниот период да отпатува за САД и да игра на турнирите во оваа земја.

Ѓоковиќ годинава го пропушти мастерсите во Индијан Велс и Мајами, а по најновата одлука на американските власти, најдобриот српски тенисер ќе може да настапи на летната американска турнеја и на УС опен, кој е закажан од 28 август до 10 септември.

Американските власти претходно најавија дека на 11 мај ќе ги укинат ограничувањата за вакцинација, но оваа одлука е донесена малку порано.

Националната декларација за вонредна состојба беше воведена од поранешниот американски претседател Доналд Трамп на почетокот на 2020 година.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Тенис

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе