Светската кошаркарска федерација (ФИБА) излезе со првата прогноза за фаворитите за освојување медали на кошаркарскиот турнир на Олимпијадата во Париз.

На прво место, очекувано, се Американците, втори се официјалните светски шампиони Германците, а трет фаворит е домаќинот на турнирот - Франција.
ФИБА во прогнозата ги потцени Србија и Канада, кои се на четвртото и петтото место, а се чини дека најмногу потценета е Шпанија која е осми фаворит на турнирот.
Апсолутни аутсајдери се Јапонија, Порторико и единствениот претставник на Африка, дебитантот Јужен Судан.
🚨 #Paris2024 POWER RANKINGS v1 🚨
— FIBA (@FIBA) July 12, 2024
Which teams are going for medals? 🏅