Фудбал

Американците прават чистка во Милан – летаат откази и нови назначувања

21. јули 2018 - 15:50 | МИА

Милано, 21 јули 2018 (МИА) - Aмериканскиот инвестициски фонд „Елиот менаџмент“, кој неодамна ја презеде контролата над италијанскиот фудбалски клуб Милан, го отстрани од функцијата кинескиот бизнисмен Јонгхонг Ли и го постави Паоло Скарони за нов привремен претседател на клубот.

Отказ доби и досегашниот извршен директор на клубот Марко Фасоне, но се уште не е познато кој ќе ја преземе оваа функција.

Воедно беа разрешени и членовите на управата, а на нивно место инвестицискиот фонд именуваше нови.

Новиот претседател Скарони најави промени во клубот, а во прилог на новото раководство оди и одлуката на УЕФА да ја прекине забраната за Милан да учество во европските натпревари.

Коментирај