Американците распоредија ракети на Филипините, Кина веднаш испрати остра реакција

Макфакс
/ 30.05.2024 / 18:01

Кинеското Министерство за одбрана остро го осуди распоредувањето на американски ракетен систем со среден дострел на северот на Филипините за време на воените вежби во април, додавајќи дека потегот „значително го зголемил ризикот од војна во регионот“.

Портпаролката на Министерството за одбрана, Ву Чиан, рече дека Кина е многу внимателна и се противи на распоредувањето американски ракети на Филипините, први од ваков вид во индо-пацифичкиот регион.

Според неа, потезите на САД и Филипините „сериозно го загрозиле“ мирот во регионот и донеле „огромни ризици од избувнување на војна“.

„Ракетите со среден дострел се стратешко и офанзивно оружје“, рече Ву, додавајќи дека ова сценарио потсетува на политиката на Студената војна.

Кина распоредува свои напредни ракети со среден дострел како дел од проширувачкиот арсенал на конвенционални балистички ракети. САД минатиот месец потврдија дека ракетните системи Тајфун биле распоредени на Филипините за време на воената вежба „Баликатан“.

Филипинскиот полковник Мајкл Логико тогаш изјави дека ракетните системи, кои можат да испукаат ракети Томахавк и СМ-6, биле транспортирани во градот Лаоак во северната филипинска провинција Илокос Норте, но не кажа дали оружјето оттогаш било преместено. или остана на Филипините.

Од овие системи за време на заедничките воени вежби не биле истрелани проектили бидејќи целта била да се утврди можноста за транспорт на ракетни системи од 40 тони со авион.

Околу 16.000 војници од двете страни учествуваа на годишните американско-филипински воени маневри. Тие беа одржани на северните филипински острови во близина на Тајван и во водите спроти Јужното Кинеско Море, каде Кина е во територијален спор со неколку земји, вклучително и Филипините.

реклама

Чистка во Грција: Панично се собираат чадори и маси од плажите

Read more

Зошто има сè поголем број случаи на рак на пенис низ светот?

Read more

Кога Данела ќе плива во Вардар?

Read more

Убиен 31-годишен припадник на АРМ по приватна расправија

Read more

Свет

Дали Мелони ќе ѝ забие нож во грб на Урсула фон дер Лајен?

Read more

Бајден го откри условот за повлекување од претседателската трка

Read more

Нетанјаху тврди дека Хамас уништил поголем план на Иран: Едноставно пукаа пред време

Read more

По 14 години изградба Путин го отвори автопатот меѓу Москва и Санкт Петербург

Read more
 

Вести

Пилот од Битола се врати од пензија за да гасне пожари

Читај повеќе

Armani и Dior под истрага за експлоатација на работници

Читај повеќе

Тепачка пред кафеана во скопски Карпош

Читај повеќе
  • play_arrow

Пожарникарите и цивилите заробени на Огражден се евакуираат со словенечки хеликоптер

Читај повеќе

30-дневен притвор за осомничениот за убиството на војникот во Македонски Брод

Читај повеќе

Повторно отворен граничниот премин „Богородица“

Читај повеќе

Дали Мелони ќе ѝ забие нож во грб на Урсула фон дер Лајен?

Читај повеќе

Граничниот премин „Богородица“ сè уште затворен, возилата се пренасочуваат кон Дојран

Читај повеќе

Грција воведува кризен данок за производителите на струја

Читај повеќе