Американците се најбогата нација во светот

Минхен, 23 септември 2019 (МИА) – Американците сега се најбогата нација во светот, ги надминаа Швајцарците, покажа најновата студија на германската осигурителна компанија Алианц.

Според студијата, просечниот нето финансиски имот на луѓето кои живеат во САД е 184.411 евра (203,128 американски долари) по глава на жител, наспроти 173.838 евра колку што е приватното богатство на еден Швајцарец.

Овие податоци се за 2018 година.

Подемот на САД на врвот на листата на најбогати нации во голема мера се должи на стабилноста на доларот, како и на американските домаќинства, кои се главните двигатели на растот на глобалниот проток на средства, бидејќи две третини од сите заштеди во индустријализираните земји доаѓаат од САД, соопшти осигурителната компанија.

Во извештајот се наведува и дека новото штедење означи глобален рекорд бидејќи се искачи за 22 проценти на повеќе од 2.700 милијарди евра. Ова се припишува на минатогодишната даночна реформа во САД, според која американските граѓани ги зголемуваат новите заштеди за 46 проценти.

Иако САД го зазедоа првото место во извештајот, Швајцарија е сè уште на врвот во однос на бруто-финансиските средства по глава на жител, со бројка од 266.318 евра во однос на 227.364 евра колку е за САД.

Сепак, нивото на долг во Швајцарија е далеку повисоко отколку во САД заради бројот на хипотеки. И Швајцарија и САД се далеку пред треторангираниот Сингапур, каде што вкупното нето финансиско богатство по глава на жител е само 100.370 долари. 

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе