Американец и Русин полетаа со капсулата „Сојуз“
Вселенската капсула Сојуз (Soyuz) денеска беше лансирана од космодромот во Казахстан. Капсулата ќе однесе двајца астронаути, Американец и Русин, до Меѓународната вселенска станица.
Астонаутите Џек Фишер и Фјодор Јурчихин полетаа од космодромот Бајконур рано попладне по локално време и пристигнаа во орбитата девет минути подоцна. Патувањето до вселенската станица ќе трае шест часа.
Јурчихин е искусен космонаут, додека на Фишер ова му е прво патување во вселената.
Тие ќе ѝ се придружат на тричлениот екипаж на станицата под команда на Американката Пеги Витсон (57), која е најстара жена во вселената. Со неа се Русинот Олег Новицки и Французинот Томас Песке.