Чек дис аут

Американец ќе се лансира во небо за да докаже дека Земјата е рамна

22. ноември 2017 - 20:46 | А.С.

Мајк Хјуз верува дека Земјата е рамна плоча и планира да се вивне 550 метри во височина кон небото над Калифорнија за да ја докаже (делумно) неговата теорија.

60-годишниот возач на лимузина направил ракета во чија изработка вложил 20.000 долари и со која планира да се лансира од пустината Мохаве кон небото со брзина од 800 км/ч и потоа да се спушти со падобран.

Проектот го спонзорираше група што се занимава со собирање докази дека Земјата е рамна. За жал, неговото лансирање најверојатно нема да биде доволно високо за да може да направи фотографии со кои ќе „докаже“ дека Земјата „навистина“ е рамна.

„Не верувам во наука. Се разбирам во аеродинамика и начинот на кој нештата се движат во воздухот. Но тоа не е наука, тоа е обична формула. Нема разлика меѓу наука и научна фантастика“, вели Мајк.

Коментирај